Блог

Како форумите можат да ни помогнат да ги оствариме сите замисли на клиентот?

Блог - May 17, 2019

Во трка со времето, трендовите и огромната конкуренција на пазарот, борбата за нови купувачи, корисници и публика е сурова и трае константно 24/7. Во таа трка компаниите осмислуваат најразлични начини како да земат дел од колачот за себе т.е. да привлечат нови потрошувачи и купувачи кон својот бренд.

Интересно е дека речиси никој не го користи најдоброто можно место за барање нови потрошувачи – форумите. Тоа беше многу популарен облик на онлајн живот во време на dial up конекциите и самите почетоци на интернетот, а се одржа до денес. Постојат многу посетувани форуми кои многу им помагаат на корисниците, а се занимаваат со најразлични теми.

Според студиите кои во 2012 година ги спровела компанијата Avareness (маркетиншка фирма со седиште во Масачусетс) една третина од маркетинг комапниите ги пребарува социјалните мрежи и форумите како платформи за пронаоѓање нови клиенти. Во текот на таа студија утврдено е дека дури две третини од жените токму на форумите даваат препораки за куп производи.

Како на најдобар начин да ги искористите форумите?

Денес речиси сѐ може да се најде на Reddit кој опстана како најпопуларен вид комуникација од тој тип и убедливо е број 1 во целиот свет. Секако, не може секогаш Reddit да биде извор, понекогаш е потребно нешто тесно насочено на областа која ја обработувате.

Што можете да направите?

  • Пронајдете форум што одговара а вашите потреби – имајте предвид дека за да соберете релевантни информации форумот треба да има најмалку 1 000 членови и 10 000 постови.
  • Направете свој профил.
  • Внимателно прочитајте ги правилата за користење на форумот – дали и во која мера е дозволено рекламирање, што смее да се рекламира, какви бенефити имате како корисник и сл.
  • Пронајдете интересно корисничко име и аватар – тоа е она што луѓето секогаш ги привлекува или пак ги одбива ако не им се допаѓа или „им боде очи“. Слики со животни, деца или цвеќе и други „слатки“ мотиви им се секогаш попривлечни на луѓето. Ако ви е сепак најважна интеракцијата со луѓето не е лошо да поставите и своја слика така што останатите корисници ќе видат со кого комуницираат што исто така влева одредена доза на доверба.
  • Претставете им се на луѓето од форумот, напишете убав опис – кој сте, со што се занимавате, што сакате.
  • Во самиот опис на вашиот профил оставете URL линк до сајтот на вашата компанија – на тоа луѓето, макар и несвесно, обрнуваат внимание.
  • Не наседнувајте на провокации, избегнувајте драма и расправии – секогаш потсетувајте се себеси зошто сте тука и одржувајте имиџ на фина и пријатна личност.

Развивајте добар профил така што корисниците ќе знаат кои сте, бидете отворени и достапни. Погрижете се на профилот да има контакт информации со кои ќе им бидете достапни на вашите клиенти и потенцијални корисници.

Како да го пласирате својот производ?

  • Проверете кои теми биле најпопуларни изминатиот период и размислете како да се вклучите во нив.
  • Обрнете внимание на јазикот што корисниците го употребуваат пишувајќи на форумот, така ќе знаете на кој начин да се обратите на корисниците на конкретен производ и за која целна група станува збор.

Што можете да дознаете на форум за производите и вашите клиенти?

  • Демографија
  • Потрошувачки навики
  • Потенцијални проблеми и предизвици
  • Карактеристики на производот кои се посакувани
  • Антиципација на развој на производот

 

Автор

Јелена Џордан

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.