Блог

Amazon е највредниот светски бренд

Вести - Jun 12, 2019

Заврши децениската апсолутна доминација на Applе и Google.

Според најновата листа на BrandZ, Amazon ги надмина по 12 години Apple и Google и се искачи на врвот како највреден бренд во светот.

Amazon денес вреди 315,5 милијарди долари и според BrandZ неговата вредност пораснала за 52% во текот на минатата година, a тоа се должи главно на разноликоста на услугите што ги нуди.

Глобалната вредност на Amazon годинава е за 409% поголема од онаа на Microsoft во 2006 година кога оваа tech компанија го зазела првото место во рангирањето.

Брендот Amazon изминативе години има постoјан и стабилен раст бидејќи еволуираше од онлајн синџир за малопродажба во бренд кој во својот домен има диверзифицирана понуда од cloud computing до паметни уреди, притоа заеднички карактеристики на целата понуда на брендот се лесна употреба, брзина и сигурност – вели Graham Staplehurst, директор за глобални стратегии за BrandZ.

Вредноста на Apple минатата година пораснала за 3% и се проценува на 309.1 милијарди долари, а Google пораснал за 2% на 309 милијарди долари. Microsoft е на четврто место со вредност од 251 милијарди долари и раст од 25%, а Visa е на петто место со 22% раст и вредност од 178 милијарди долари.

Меѓу првите десет е и кинескиот гигант кој годинава со раст од 16% и вредност од 131 милијарда долари се искачи на седмо место на листата и стана највредниот кинески бренд.

Единствени брендови во топ 10 кои бележат пад се Facebook кој е на шесто место со пад на вредноста за 2% и Tencent на осмо место со значителен пад од 27%.

Во овогодишната анализа на BrandZ биле вклучени 122.000 брендови, 3,6 милиони потрошувачи, 418 категории, 51 пазари и 5,1 милијарди податоци за да се креира следната листа на брендови по вредност.

1. Amazon $315.5 милијарди
2. Apple $309.5 милијарди
3. Google $309 милијарди
4. Microsoft $251.2 милијарди
5. Visa $177.9 милијарди
6. Facebook $159 милијарди
7. Alibaba $131.2 милијарди
8. Tencent $130.9 милијарди
9. McDonald’s $130.4 милијарди
10. AT&T $108.4 милијарди

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.