Блог

Анимацијата како дел од дигиталната маркетинг стратегија

Блог - Mar 28, 2019

Без разлика дали креирате 10-секунден GIF или 2-минутна анимација, можете да се потпрете на моќта на овој тип на видео за да раскажете приказна и да испратите лесно разбирлива порака до која било публика. Анимација има моќ да комуницира лесно разбирливи информации на едноставен и јасен начин, не оптоварувајќи ја публиката со графикони, статистики и бескрајни страници со пишани зборови што никој не ги чита.

Не е тешко да интегрирате една анимација во вашиот маркетинг план. Тој вклучува се’, од рачно-нацртани, до 3D анимации, до character design и комбинирани анимации.

Моќта на анимацијата започнува со мала идеја. Со благи охрабрувања, таа идеја расте поголема и подобра отколку е на почетокот. Анимација е повеќе од живописно нацртани ликови и разиграни слики; анимација оживува предмети.

1. Промоција на социјалните медиуми

Луѓето се визуелно ориентирани суштества и огласувачите треба да бидат свесни за тоа. Статистичките податоци во голема мера ја потврдуваат супериорноста на сликата над текстот. Од 2016 година, алгоритмите на Фејсбук го препознаваат тоа, па затоа се склони кон видео содржини во однос на сите други типови на пораки. Тоа значи дека, покрај тоа што се природно попривлечни, видео записите имаат уште поголем досег и стапка на гледаност.

Употребата на анимација наместо видео во живо за рекламирање има две предности. Прво, анимацијата е релативно евтина за производство – не ви треба скапа опрема, актери, сетови, реквизити и други работи вклучени во развојот. Второ, многу е полесно да се постигне уникатен и препознатлив дизајн со анимација отколку со видео во живо. Креативноста секогаш победува над трошоците за развој. Ако го направите на вистински начин, видеото ќе биде иднината на вашиот контент маркетинг

2. Презентација на услуги/производи

Што би гледале повеќе:

крупен кадар од лице кое повторува фрази за предностии слабости на производи/услуги кои сте ги чуле за безброј брендови

или

кратко и забавно анимирано видео кое ги објаснува предностите на услугата / производ со илустративни визуелни елементи?

На кратко, луѓето преферираат анимирани видеа бидејќи се привлечни, пријатни за гледање и забавни. Наспроти тоа, луѓето обично гледаат видео видео упатства во живо само ако веќе се заинтересирани за некој производ и сакаат да дознаат повеќе за тоа.

Анимацијата е совршена за поедноставување на сложени акции, и тоа е она што се бара од видео туторијал. Од првите 17 видео клипови избрани од HubSpot, 13 се анимирани, јасно укажувајќи на тенденциите во годините што доаѓаат.

3. Анимација на лендинг страниците

Додавањето видео на лендинг страницата ја зголемува стапката на конверзија за 80 проценти. Сепак, не може да биде било кое видео, туку видео кое предизвикува специфични емоции кај гледачите. Луѓето имаат многу краток распон на внимание. Ако посетителите не се емотивно привлечени во првите неколку секунди, веројатно ќе заминат и никогаш нема да се вратат.

Анимација е совршен избор ако сакате да го постигнете тој ефект – поради неколку причини. Се разликува од она што го гледаме околу нас и затоа веднаш ни привлекува вниманието. Кога е правилно креирано, може да резултира со секакви емотивни реакции.

Во ерата кога примаме многу информации, од витално значење е малите бизниси да понудат содржина што е лесно “проголтана”; во спротивно посетителите едноставно ќе продолжат понатаму. Независно истражување покажува дека седум од 10 луѓе имаат попозитивна перцепција на брендот по гледањето на привлечното видео. Без сомнение, видеото го подобрува препознавањето на брендот – и во основа е вирусната алатка за маркетинг.

Кога разгледувате потенцијален reach, видеото е незаменливо. YouTube има повеќе од една милијарда индивидуални посетители месечно – или повеќе од било кој друг канал, освен Фејсбук.

На крај, зошто анимацијата е мојот прв избор?

• Привлекува внимание
• Забавна е/едукативна
• Mobile-friendly
• Нема рок на траење
• Google обожава анимации
• Објаснува производ/услуга за неколку секунди
• Лесно се запомнува и испраќа јасна порака
• Едноставна е за објавување, споделување, пребарување
• Анимацијата и друштвените мрежи се сродни души

Автор

Sonja Grčić

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.