Добрите идеи и креативноста никогаш не излегуваат од мода
Интервјуа - Mar 29, 2019
Главната тема на петтиот регионален форум на лидери во комуникациите IZAZOV 2019 кој се одржа на 25 и 26 март годинава во Хотелот Hyatt Regency во Белград се фокусираше на транспарентноста и одговорноста во бизнисот.
Ја искористивме оваа прилика да ги прашаме колегите и компаниите што за нив претставува транспарентно и одговорно работење и зошто се важни за равивање на пазарот.
Јелена Микиќ, директорка на секторот за развој на Represent System овој пат ни даде одговори.
Што преставува транспарентно и одговорно работење за Вашата агенција? Зошто е тоа важно за развивање на пазарот?
Тоа претставува почитување на партнерите, почит кон клиентите, кон вработените и кон конкуренцијата. Овозможување на другите да учат од тебе кога си најдобар, прифаќање и почитување кога некој друг прави нешто подобро, и сето ова со достоинство. Само на овој начин можеме да создаваме фер услови каде што квалитетот победува.
Во контекст на развивање на пазарот, пред се’ треба да се грижиме за приватноста и заштитата доколку сакаме да работиме одговорно – ова е многу „жешка тема“ и тоа, сега многу повеќе од било кога претходно, имајќи ја во предвид големата глобална дискусија за заштита на податоци, регулативи, закони кои се донесуваат. Ќе мораме да успориме малку со користење на важните податоци.
Кои ќе бидат, според Вас, клучните предизвици во индустријата на комуникации во 2019?
Одење чекор наназад и придобивање на срцето и умот на потрошувачот преку добар и релевантен контент, наместо нивно таргетирање со многу податоци. Наоѓање на вистински луѓе за одредени задачи – тоа е секогаш предизвик. Како Систем, интензивно работиме на комбинирање на нашите тимови на регионално ниво, благодарение на што можеме да споделиме најдобро знаење и know how. Светот оди и чекор напред – постојат компании каде вработените никогаш не се сретнале во живо бидејќи работат од различни континенти. И ова е бизнис модел кој се повеќе се прифаќа. И конечно, добрите идеи и креативноста секогаш ќе бидат во мода.