Блог

Информираност во време на корона: #онакога ти е мака од вести, а не можеш без нив

Блог - Apr 08, 2020

Не лесно да се следат вести овие денови. Каде и да се завртиме во оваа домашна изолација, од секоја страна сме бомбардирани само со вести за корона вирусот. Короната практично „ги изеде“ информациите за сите други сегменти од животот, но и го изврте наопаку секојдневието на секој совесен човек. Истовремено, тоа се информации од животно значење кои не можеме да ги игнорираме, иако со задоволство би свртеле на каналите за готвење или реновирање домови.

Е сега, во море од застрашувачки информации кои известуваат за постојаниот број на заболени и починати од корона вирусот, за кризата, за недостатокот на намирници по маркетите, за паниката, како и за килограм лимони за 180 денари, во овие услови на домашна изолација и социјално дистанцирање,   прашањето е како да се зачува здравиот разум ?

Вести кои не’ заплашуваат

Психолозите советуваат во кризната ситуација во која се наоѓаме, да ги почитуваме пропишаните мерки, да ја следиме дневната рутина и да не се преоптоваруваме со вести. Велат дека константното следење на збиднувањата придонесува до зголемена нервоза, став, песимизам и црните мисли лесно се множат.

Некои за тоа ги обвинуваат новинарите и медиумите бидејќи „за ништо друго не зборуваат“, не разбирајќи дека денес тоа е обврска на секој информативен медиум и дека би било крајно неодговорно во ваков период да се избегнуваат актуелните теми и да се известува за некои споредни теми.

Во својата 12-годишна новинарска пракса сум била сведок на многу кризи, протести, поплави и секогаш се наоѓаа „дежурни критичари“ кои се јавуваат да ве прашаат „зошто не пишувате за нешто друго“. Во време на вонредни состојби, а короната е сигурно една од нив, тоа е основната задача на информативните медиуми во која се вложуваат енормни напори на целите колективи.

Сепак, тоа не значи дека треба по цел ден само да седите и да ги следите вестите.

Понекогаш токму таа достапност на сите содржини го зголемува психолошкото оптеретување, и затоа научете да дозирате и да правите апдејт на информации само 2 – 3 пати на ден. Не дозволувајте денот да ви се сведе на исцрпувачки обиди све да „ништо да не ви промакне“.

Сопствени филтри за информации

Иако додека времето ни поминува со самоизолираност, се’ потешко и потешко е да се остане во допир со реалноста, сепак нашите сопствени филтри за примање на информации мораат да бидат вклучени и добро исполирани, бидејќи не се’ што ќе чуеме и прочитаме е точно.

Секоја криза со себе носи сензационалистички наслови и лажни вести, кои во нашата изолираност лесно ги примаме и прераскажуваме, па разните теории на заговор со текот на времето ни делуваат возможни. На пример, како во локалната болница се крие вистинскиот број на заболени од корона, или дека лукот „проверено“ го брка вирусот, исто како и престој во некои „лековити“ тунели.

Затоа многу е важно да внимавате кој е изворот на информации, како и впрочем за се’ друго во животот, да им верувате само на проверените. Ако барем еднаш се воспоставило дека некој извор/медиум објавил лага или шокантнен наслов кој не одговара со објавениот текст, зошто да му верувате? Ако приказната се сведува на „рекла-казала“ ситуации кои е невозможно да се проверат, зошто да и’ придавате важност? Одберете што ќе следите, без разлика дали станува збор за медиуми или друштвени мрежи, исто како што ги одбирате своите пријатели. Вистина е дека за ова ни е потребна ладна глава, која не успеваме баш сите да ја задржиме во моментов, имајќи ја во предвид новата состојба во која изненадно и неспремно се најдовме. Поради тоа луѓето со добри намери неретко споделуваат дезинформации, неосновани коментари и теории на завера. Но, секогаш ќе постојат оние кои во се’ веруваат, како и оние кои во се’ се сомневаат.

Наједноставниот пат до важните информации

Само информирани поединци можат да ги преземат вистинските чекори за да се заштитат себеси и општеството и затоа, покрај медиумите, наједноставно е да се следат кризните штабови во својата земја. Тие се деновиве особено активни и секојдневно на своите веб страници или фејсбук профили објавуваат нови марки за спречување на ширење на епидемијата, а тоа се најважните детали кон кои треба да се придржуваме.

Со мисла дека сево ова бргу ќе пројде, како и потсетување на идеите што да се прави за време на изолација за да денот ви биде исполнет со креативност и продуктивност, посакувам од кризата предизвикана од корона вирусот да излеземе со поразвиена свест за природата и светот околу нас, и кога социјалното дистанцирање и самоизолацијата бидат позади нас, многу посилно да ги гушкаме своите најмили, да изнајдуваме повеќе време да се дружиме и тоа почесто да биде на отворено, неоптоварено и со полни гради. 

Автор

Adisa Pobrić

PR Manager (Represent Communications Bosna i Hercegovina)

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.