Блог

Instagram е бренд кој расте побрзо од сите светски брендови

Вести - Jun 17, 2019

Instagram е на убедливо прво место по вредност на брендовите. Иако Amazon е на првото место, Netflix после него, Instagram е трет според вкупната вредност, а кога станува збор за скок на листата, Instagram бележи е неверојатни 95 проценти. 

Целата табела можете да ја погледнете на овој линк.

Instagram кој е во сопственост на Facebook, бележи најбрз пораст во 2019 година, па се искачи за 47 места на оваа листа, откако се зголеми вредноста на брендот за 95% и достигна вредност од 2.82 милијарди долари .

Сите овие брендови расте побрзо од лидерот Amazon, кој ја зголеми својата вредност за 52%. Другите “скокови” се Uber (51%), LinkedIn (46%), ISL (45%) и ланецот на ресторани Chipotle (40%).

Некои се уште се развиваат, растат и адаптираат, како Instagram. Други ги потсетуваат потрошувачите за своите вредности, како што е Chipotle, а останатите го стабилизираат своето позиционирање како што е ISL – објаснува Graham Staplehurst, директор на глобалната стратегија на BrandZ.

Некои постојано внесуваат иновации, како што е случајот со Uber кои ја прошируваат својата листа на услуги со испорака на храна, дури и возење под вода на големиот корален гребен, додава тој.

Многу од брзо растечките брендови користат потрошувачки екосистеми или создаваат свои, како што се новите Meituan (78) и Didi Chuking (71) во Кина. Ова се брендови кои се сметаат за релевантниод страна на потрошувачите и лесно може да се изберат и користат.

Благодарение на зголемениот фокус кон начинот и стил на живеење, луксузните брендови ја доживуваат ренесансата, па оваа година се најбрзо растечка категорија (29%). Покрај ISL, врвен настап имаме од Dior (29%), Louis Vuitton (15%), Gucci (13%) и Hermes (10%).

Брендовите за лична нега бележат пораст поттикнати од желбата за луксуз (Clinique, Estee Lauder, Garnier, Lancome, L’Oreal, Shiseido) за 14%, додека пак масовните брендовите за лична нега  (Colgate, Crest, Dove, Gillette, Head & Shoulders, Nivea, Olai, Oral-B, Pantene) бележат пад за 4%.

Малопродажбата е втора најбрзо растечка категорија (25%), а стратегијата на најуспешните – Amazon, Home Depo, Walmart, Ikea – укажуваат на тоа дека брендовите мора да ги следат промените и потребите на корисниците.

Ниедна марка од автомобилската индустрија не ја зголеми својата вредност во 2019. BMW i Mercedes-Benz имаат пад за 9%, Toyota за 3%, додека Ford и Honda воопшто не се дел од оваа листа. Во меѓувреме, со вредност на брендот од 9 милијарди долари, Tesla за прв пат се приближува на листата рангирани.

Овогодинешната анализа вклучува 122.000 брендови, 3,6 милиони потрошувачи, 418 категории, 51 пазари и 5,1 милијарди податоци.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.