Блог

Сакате ли пижами? Комуникација за време на Корона by Represent

Блог - Mar 16, 2020

Во моментов сега, а и во периодот кој следи, секоја компанија се соочува и ќе се соочи со големи предизвици. Земајќи ја во предвид оваа ситуација која никому не е добредојдена, а нè погоди сите нас, пробуваме да се заштитиме себеси и нашите најблиски, но исто така да останеме позитивни и да се обидеме да ја завршиме нашата секојдневна работа непречено. Треба да бидеме посилни, да го задржиме фокусот и да не дозволиме да не совлада негативната атмосфера. Секој од нас е принуден да го смени секојдневниот ритам на живеење и тоа преку ноќ: се префрливме на работа од дома, учиме со децата во домашна атмосфера, се грижиме за нив и за родителите итн.

Работа од дома

Ако размислиме, работата од дома вака на “прва”, можеби изгледа интересно како концепт кој има повеќе предности, но на долг рок сепак претставува сериозен предизвик за секој од нас. Еве неколку наши предлози како да го испланирате денот:

  • Не го минувајте денот во пижами; подгответе се како да одите на работа. Со тек на време, овој дел ќе претставува сè поголем предизвик бидејќи секој од нас има тенденција да се успори кога функционира во ограничен простор.
  • Воведете редовна/секојдневна комуникација со членовите на тимот и надредените користејќи ги сите расположливи алатки. Многу е важно да останете активни и во тек, поточно да се договарамт секојдневно што може да сработите и што се очекува од вас. Бидете проактивни.
  • Редовно правете копии на документите/ податоците кои ги разменувате со колегите. Важно е да ги сочувате финалните верзии од документите на вашиот лаптоп или компјутер (може и на некој одреден „cloud“ или екстерен диск) на кого работите од дома. Мој предлог – „cloud drive“ кој овозможува и до  50gb „бесплатно“ – www.mega.nz
  • Домашните работи завршувајте ги во периодот кога вообичаено тоа го правите; седењето дома подолго време обично не тера да завршиме/ поправиме и средиме нешто што не би го направиле доколку сме на работа. Земете во предвид дека секогаш се намалува продуктивноста кога сакате паралелно и да работите и да завршите некоја домашна работа.
  • Вежбајте! Тренирајте! Растегнете се! Ве советувам да инсталирате некоја апликација за вежбање, дефинирајте си дневни рутини и започнете со вежбање. Избегнете ги изговорите 😊

Сите сме затекнати и за секој од нас ова е нов начин на функционирање и планирање на работните обврски. Затоа, останете позитивни и без паника!

Автор

Ненад Антиќ

HR & Education Director (Represent System)

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.