Блог

Времето истекува: Принцот Хари повика на реформа на социјалните медиуми по немирите во Капитол во САД

Блог - Feb 02, 2021

Во интервју за “Fast Company”, војводата од Сасекс разговара за улогата на социјалните медиуми во нападот во Капитол, и објаснува зошто следниот чекор треба да биде преземање одговорност од страна на социјалните медиуми.

Во текот на изминатата година принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, се се` поголеми поборници за поздрави содржини на социјалните медиуми- тема што очигледно им е многу блиска до срцето, со оглед на ужасните критики и вознемирување со кои се соочуваат на Интернет и во останатите медиуми.

Преку партнерства со организации чија што цел е да го разберат влијанието на технологијата врз општеството и гласно да ја критикуваат состојбата на онлајн животот на медиумите, парот ја користи својата моќ да се залага за промена во тековниот дигитален екосистем. Во колумна за “Fast Company” минатиот август, принцот Хари ги повика деловните лидери да ја преиспитаат нивната улога во финансирањето на рекламниот систем што е основа на дезинформациите и разидувачката реторика што често се споделува на социјалните платформи.

„Ова ремоделирање мора да вклучува лидери во индустриите од сите области кои цврсто стојат против неприфатливите Интернет практики, како и да бидат активни учесници во процесот на воспоставување нови стандарди за нашиот онлајн свет“, напиша тој.

Сега, социјалните медиуми се соочуваат со точка на пресврт, само неколку недели откако насилна толпа демонстранти упадна во Капитол во напад кој беше замислен и подготвен пред се на Интернет. Големите платформи, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер и Јутјуб на ова одговорија со суспендирање на профилите на Доналд Трамп, додека Амазон и Епл ги прекинаа врските со Парлер, социјална мрежа што беше користена од страна на демонстрантите. Но, експертите и регулаторите сметаат дека мора да се направи повеќе за да се реформираат социјалните медиуми. Во тој контекст принцот Хари уште еднаш ги моли луѓето да обрнат внимание на проблемите што ги создаваат социјалните мрежи. Во едно опширно интервју за „Fast Company“, тој објаснува зошто социјалните платформи мора да одговараат за нападот во Капитол и околностите што го овозможија истиот, и зошто мора да го преобликуваме дигиталниот свет пред да биде предоцна.

ФЦ: Пред шест месеци, напишавте колумна за „Fast Company“ во кој баравте од компаниите да преземат активности за да обезбедат значајна реформа на нашата „неконтролирана и разединувачка економија на внимание“. Како се промени Вашата перспектива за улогата на социјалните медиуми во општеството во последните неколку недели од нападот врз Капитол во САД?

ПХ: Кога го напишав тоа дело, го споделував мојот став дека доминантните Интернет платформи придонеле и ги поттикнале условите за криза на омраза, криза на здравјето и криза на вистината. И јас стојам на тоа, заедно со милиони други кои гледаат и чувствуваат што прави оваа ера на повеќе нивоа – ги губиме најблиските поради теории на заговор, губиме чувство за себе заради налетот на невистини и во најголем обем, ги губиме нашите демократии.

Големината на ова не може да се прецени, како што забележуваат дури и поранешните креатори на овие платформи кои помогнаа во нивната изградба. Потребна е храброст да се застане, да се забележи каде работите тргнале наопаку и да се понудат предлози и решенија. Потребата за тоа е поголема од кога било досега. Оттаму, јас сум охрабрен и благодарен за поддршката од луѓето кои работат – или работеле – во овие платформи кои избираат да зборуваат против омраза, насилство, поделба и конфузија.

ФЦ: Зошто оваа тема е толку важна за Вас? Како влијаеше на Вашата перспектива добро документираното малтретирање на Вас и Вашата сопруга во Велика Британија?

ПХ: Јас навистина се изненадив кога бев сведок на тоа како мојата приказна беше раскажана на еден начин, приказната на мојата сопруга беше раскажана на друг начин, а потоа нашата врска предизвика нешто што го направи раскажувањето на таа приказна многу поразлично. Тој лажен наратив стана мајчинство за целото малтретирање за кое вие зборувате. Немаше ни да започне ако нашата приказна беше само вистинито раскажана. Но, за она што го доживеавме важно е дека истото доведе до тоа да слушнеме приказни за многу други низ целиот свет. Многу сме размислувале за оние кои се во мошне поранливи позиции од нас и колку многу постои потреба за вистинска емпатија и поддршка. Секој бил до овој степен длабоко погоден од сегашните последици на дигиталниот простор. Може да биде индивидуално –  како да гледате како некој близок оди по патот на радикализација, или исто толку колективно – како гледање на негирање на науката зад климатската криза. Сите сме ранливи на тоа, поради што јас не гледам на тоа како технолошко прашање или политичко прашање – тоа е хуманитарно прашање.

Уште од рана возраст, водечкиот принцип во мојот живот се однесуваше на должноста кон вистината, стремежот кон сочувство и ублажувањето на страдањата. Мојот живот отсекогаш се однесувал на обидот да им помогнам на оние на кои им е најпотребно, и токму сега, оваа промена ни треба – затоа што ги допира скоро сите работи што ги правиме или на кои што сме изложени.

ФЦ: Каде одиме од тука? Што мислите, што треба да се смени за да се создаде онлајн атмосфера каде вистината, правичноста и слободата на говорот се приоритетни?

ПХ: Го прашувам истото секој ден и се потпирам на експертите да помогнат да дадат насоки за тоа како да ја реформираме состојбата на нашиот дигитален свет – како да го направиме истот подобар за нашите деца, се разбира, но и за нас – сега. Лавината на дезинформации со која сите сме преплавени ја искривува реалноста и го создава овој искривен филтер што влијае на нашата способност да размислуваме јасно, дури и да го разбереме светот околу нас. Она што се случува на Интернет, не останува само на Интернет – се шири насекаде, како пожар: во нашите домови и работни места, на улици, во нашите умови. Прашањето оттука станува за тоа што да се прави кога споделувањето вести и информации повеќе не е пристојна, вистинита размена, туку е размена на оружје.

Одговорот што го слушнав од експерти во оваа област е дека заедничкиот именител започнува со одговорност. Треба да постои одговорност и отчет за колективната благосостојба, а не само за финансиски поттик. Тешко ми е да разберам како самите платформи можат со нетрпение да очекуваат и земаат профит, но да бегаат од одговорност. Исто така, мора да има заедничка, споделена одговорност. Можеме да се повикаме на дигитална реформа и да дебатираме за тоа што се случува и како тоа изгледа, но исто така, секој од нас треба да заземе покритичен став и кон сопствениот однос кон технологијата и медиумите. За почеток, не мора да биде толку комплицирано. Размислете за поставување ограничувања на сопственото време поминато на Интернет, запрете со бескрајното пребарување, проверете го изворот и истражувајте ги информациите што ги гледате и практикувајте почувствителен израз и тон кога самите споделувате или коментирате. Ова можеби изгледаат како ситници, но се собираат. За крај, постои одговорност за сочувство кое сите го поседуваме. На луѓето им е потребна конекција, социјални врски и чувство на припадност. Кога истите ги немаме, ние се чувствуваме скршени и тоа за жал може да биде катализатор за наоѓање врска во движењата на масовниот екстремизам или радикализација. Треба подобро да се грижиме едни за други, особено во овие моменти на изолација и ранливост.

ФЦ: Од немирите во Капитол, големите компании како Твитер и Амазон ја искористија својата моќ донесувајќи одлуки за тоа кој може да ги користи нивните производи. Дали мислите дека компаниите треба да имаат моќ да донесуваат одлуки за тоа кој има пристап до некои од најистакнатите платформи на Интернет?

ПХ: Многу пати имаме видено што се случува кога се занемаруваат реалните последици од дезинформациите. Нема начин да се минимизира ова. Имаше буквален напад врз демократијата во САД, организиран на социјалните мрежи, што е прашање на насилен екстремизам. Нашироко е прифатено дека социјалните медиуми играа улога при геноцидот во Мјанмар и се користеа како средство за поттикнување насилство врз народот Рохинџа, што е прашање за човековите права. И во Бразил, социјалните медиуми обезбедија канал за дезинформации што на крајот доведе до уништување на Амазонијата, што претставува еколошко и глобално здравствено прашање. На некој начин, преземањето претежно практичен пристап кон проблемите подолго време е само вежба за моќ. Неодамна, размислував за „Говорничкото ќоше“ (Speakers’ Corner), дел во лондонскиот Хајд парк, кој е дом на отворени дебати, дијалог и размена на информации и идеи. Порано поминував покрај него цело време. Овој концепт на „јавен плоштад“ не е ништо ново – може да се пронајде уште во раните денови на демократиите. Застанувате таму и го изнесувате својот став. Секако, постојат основни правила. Не смеете да поттикнете насилство, не смеете да го прикриете својот идентитет и не смеете да платите за да го монополизирате или да го поседувате самиот простор. Идеите се разгледуваат или одбиваат; се формираат мислења. Во најдобар случај, се раѓаат движења, се откриваат лаги и се одбиваат обиди за предизвикување насилство во моментот. Во најлош случај, нетолеранцијата, групното размислување, омразата и прогонот се засилуваат. И на моменти, тоа придонесува да се повлечат линии и да се појават правила или закони или некои да се оспорат.

Не велам дека треба да се откажеме од технологијата во корист на „Говорничкото ќоше“. Наместо тоа, треба да избегнеме да размислуваме за тоа дека социјалните медиуми се крајниот модерен јавен плоштад и дека секој обид да се побара од платформите да бидат одговорни за пејзажот што тие го создаваат е напад или ограничување на говорот. Мислам дека е лажен избор да се каже дека треба да изберете помеѓу слободата на говорот или посочувствителниот и доверлив дигитален свет. Тие не се исклучуваат меѓусебно.

Со овие компании во овој модел имаме многу мал број на неверојатно моќни и консолидирани чувари кои имаат распоредено скриени алгоритми со цел да ги соберат содржините што ги гледаат милијарди луѓе секој ден и да ги исправат информациите – или дезинформациите што ги консумираат сите. Ова радикално влијае на тоа како и зошто ги формираме нашите мислења. Тоа менува како зборуваме и за што решаваме да зборуваме. Тоа менува како размислуваме и како реагираме.

На крајот на краиштата, овозможува истовремено да постојат сосема различни верзии на реалноста, во спротивставени множества на вистината. Во ова, не треба да се заснова разбирањето на вистината, затоа што секогаш постои можност да се даде некаков вид „доказ“ за да се зајакне таа верзија на „вистината“. Верувам дека ова е спротивно на она што треба да го сакаме од нашата колективна заедница преку Интернет. Сегашниот модел нè сортира и раздвојува наместо да нè зближува; ги дави или дури ги елиминира здравиот дијалог и разумната дебата; ја одзема меѓусебната почит што треба да ја имаме едни за други како граѓани од ист свет.

ФЦ: Како планирате да ја користите Вашата платформа за да придонесете за промени кога станува збор за говор на омраза, алгоритамско засилување и дезинформација во 2021 година? Бидејќи не сте обучен експерт за овие теми, зошто мислите дека луѓето треба да ја слушаат Вашата перспектива?

ПХ: Знам доволно за да знам дека сигурно не знам сè, особено кога станува збор за технологијата – но кога ова го гледате како хуманитарно прашање, тогаш гледате на ширење на дезинформации како потреба од хуманитарен одговор. Ова е причината зошто мојата сопруга и јас поминавме голем дел од 2020 година консултирајќи се со експерти и учејќи директно од академици, поборници и креатори на политики. Со емпатија слушавме и луѓе кои имаат приказни за споделување – вклучително и луѓе кои биле длабоко погодени од дезинформации и оние кои пораснале како дигитални домородци. Она што се надеваме да го сториме е да продолжиме да бидеме во центарот на вниманието на нивните перспективи и да се фокусираме на искористување на нивното искуство и енергија за забрзување на темпото на промена во дигиталниот свет.

ФЦ: Вашата фондација Арчевел (Archewell Foundation) соработуваше со неколку групи и институции кои имаат за цел да ја преиспитаат технологијата и да го проучат нејзиното влијание врз луѓето. Како филантроп, зошто ги поддржувате истражувачките напори во овој простор?

ПХ: Ако сме научиле нешто, тоа е дека нашите доминантни технологии се изградени за постојано да растат, без сериозно разгледување на бранувачкиот ефект на тој раст. Ние треба да сториме повеќе отколку едноставно да го преиспитуваме овој модел. Влоговите се премногу големи, а времето истекува. Постојат многу неверојатни луѓе и дигитални архитекти кои размислуваат – или веќе работат на – иновативни и здрави платформи. Треба да ги поддржуваме, не само затоа што тоа е правилно, туку и затоа што може да има комерцијална смисла. И, мора да ја разгледаме состојбата на конкуренција и да обезбедиме пејзажот да не истиснува или симулира свежи идеи селекстивно. Верувам дека можеме да започнеме да го правиме нашиот дигитален свет поздрав, посочувствителен, поинклузивен и доверлив. И, време е да се префрлиме од преиспитување во ремоделирање.

ФЦ: Со оглед на Вашата загриженост за поделба, дезинформации и говор на омраза преку Интернет, како се променија Вашите ставови за користење на самите социјални медиуми во последните неколку години? Како им приоѓате сега и дали планирате да направите какви било промени?

ПХ: Интересно е ова прашање, бидејќи едно утро пред неколку недели се разбудивме и слушнавме дека еден весник на Руперт Мардок информира дека очигледно ги напуштаме социјалните мрежи. Тоа беше ‘вест’ за нас, имајќи предвид дека немаме социјални мрежи кои би ги напуштиле, ниту пак ги имавме во последните 10 месеци. Вистината е, и покрај добро документираните невистини, социјалните медиуми можат да понудат средство за поврзување и заедница, кои се од витално значење за нас како човечки суштества. Треба да ги слушнеме приказните едни од други. Тоа е дел од убавината на животот. И не ме сфаќајте погрешно; Не сугерирам дека реформата на дигиталниот простор ќе создаде свет кој е постојано светол, бидејќи тоа не е реално. Може да има несогласување, разговор, спротивставени гледишта – како што треба да има, но никогаш до степен до кој се создава насилство, вистината да е мистифицирана, а животите – загрозени. Ние ќе се навратиме на социјалните медиуми кога ќе изгледаат како соодветни за нас – можеби кога ќе видиме позначајни заложби за промена или реформа – но досега дадовме голем дел од нашата енергија да научиме за овој простор и како можеме да помогнеме.

ФЦ: Дали сте оптимист или песимист во врска со нашата способност да изградиме поздрав онлајн екосистем?

ПХ: Оптимист, се разбира, затоа што верувам во нас, како човечки суштества дека сме подготвени да бидеме сочувствителни, искрени и добри. Аспектите на дигиталниот простор за жал ги изманипулираа (па дури и ги истакнаа) нашите слабости и ги изнесоа на површина најлошите во некои. Ние мора да веруваме во оптимизам затоа што тоа е светот и човештвото што ги сакам за мојот син и сите нас.

Со нетрпение очекуваме да бидеме дел од човечкото искуство – не човечки експеримент.

Текстот е превземен од https://www.fastcompany.com/.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.