Represent Communications е прогласена за “People First” компанија!
Вести - Feb 03, 2022
Represent Communications рангирана е во топ десет компании на апликацијата Heartcount и наградена со People First Company brand, како една од десетте најуспешни компании, кои ги користат податоците за дополнително да ја поттикнат културата на отворен разговор и навремени и отворени повратни информации, и да направат дополнителни напори за подигање на свеста за грижа за вработените.
Новите услови за работа предизвикани од пандемијата Ковид-19 влијаеа на блискоста и припадноста, добивме многу нови вработени, тимот се прошири кога работевме од дома и сите овие фактори дополнително не поттикнаа да се заинтересираме за алатка која ќе ни помогне за мотивација и комуникација на вработените. Откако го тестиравме задоволството на вработените, решивме да ја претставиме апликацијата Heartcount, која ни помогна да ги изразиме нашите мислења и чувства и, пред сè, да го вратиме чувството за заедница.
Ова е уште една потврда дека и во овие тешки времиња ја негуваме транспарентноста и дека луѓето се тие кои ја прават компанијата.
Heartcount е алатка за податоци која им помага на тимовите и организациите да изградат подобра култура, да ја подобрат атмосферата и да ја „измерат“ среќата на работа.