Блог

Скриените пораки и важноста на комуникацијата во серијата “La Casa de Papel”

Блог - Apr 21, 2020

Едноделните црвени комбинезони и маските со ликот на Салвадор Дали станаа симбол на бунт, револт и отпор низ целиот свет. Кога ќе ја додадеме и партизанската песна “Bella Ciao”, која е химна и важен мотив на оваа група на крадци како дел од приказната, добиваме една сосема поинаква слика: омилените негативци станаа херои низ целиот свет. Се започна во 2017 година кога се емитуваше првата сезона на шпанската мини-серија “La Casa de Papel” (Money Heist).

Оригиналната идеја за мини-серија многу брзо падна во вода. Netflix ја откупи, па веднаш потоа беше прилагодена и за поширокиот пазар. Па така, еден скромно замислен проект започна да ги поместува границите и да гради познат бренд. Љубителите се прашуваат кога ќе започне снимањето на петтата сезона, која првично беше најавена за 2021 година, но со оглед на моменталната ситуација со пандемијата, прашање е дали ќе биде изводливо. Во меѓувреме, ќе уживаме во четвртата сезона што излезе на 3ти април годинава и ќе ги толкуваме пораките што ни ги испраќа серијата.

Насекаде се продаваат маички со ликови од серијата и маски со ликот на Салвадор Дали. Многу изреки и впечатливи инсерти масовно се споделуваат на социјалните медиуми. Професорот (Alvaro Morte) и неговата “банда”:  Токио (Ursula Korbero), Rakel Muriljo алијас Лисабон (Itziar Itunjo), Берлин (Pedro Alonso), Рио (Migel Eran), Денвер (Haime Lorente), Monika Gazdambide алијас Стокхолм (Ester Asebo), Хелсинки (Darko Perić), Најроби (Alba Flores), Москва (Pako Tus), Осло (Roberto Garsija), ги освоија симпатиите на милион гледачи ширум светот. Оваа серија на IMDb има 8,5 оценка од 10, што ја позиционира како високо рангирана серија.

Сепак не е класична крими серија за банда која “хара” наоколу и секоја следна епизода, ни’ носи неверојатно продолжение на приказната.

Невидениот успех на оваа шпанска серија е резултат на симболите што ги крие. Сценографијата од првата сезона е прилично мрачна, без многу бои, така што јасно можете да ги видите црвените, впечатливи комбинезони – симболот на отпор. Маските со ликот на Салвадор Дали можат да се толкуваат како скриени пораки (Салвадор на шпански значи спасител).

Серијата ја прикажува скриената болка на шпанското општество: прикривање на државните тајни, неовластено печатење милиони евра за донирање пари на странци, меѓучовечки проблеми кои предизвикуваат лавина и лични борби на поединци во моментите кога треба да ја изберат страната.

Ситуацијата што ја опишува шпанското општество и полицијата може јасно да се преслика во било кој друг систем: секогаш има „жртвени јагниња“ со цел важните имиња ќе бидат безболно извлечени од аферата … Па следат бомбастични информации во медиумите за да го свртат вниманието на јавноста од поголемите проблеми со кои се соочува државниот врв … (Звучи познато?)

Од друга страна пак, тука се незадоволните граѓани кои срдечно ги поддржуваат Професорот и неговата банда. Дрскоста и пркосењето на главните ликови буди чувство на бунт и незадоволство кај просечниот граѓанин кој е роб на капиталистичкиот систем и на кого секој нов ден е нова борба за опстанок.

Со првиот такт од химната “Bella Ciao” – започнува и адреналинот, се буди масовното незадоволство од животот во поделената стварност, светот на двојните аршини и вистината која секогаш има два краја каде обичниот човек секогаш го извлекува подебелиот крај…

Постои теорија дека политичката позадина е многу поголема отколку што изгледаше на почетокот, приказната всушност ја покажува деформација на технократските општества во современиот свет.

Во секој случај, серијата вреди да се гледа, а најважно е што немаме идеја како ќе се развива приказната понатаму.

Автор

Јелена Џодан

Corporate Image Officer (Represent System)

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.