Тренинг

Тренинг – Комуникација на социјалните медиуми

Во кратки црти

Овој напреден тренинг претставува стратешки пристап кон управувањето со комуникацијата на социјалните мрежи и укажува на широка перспектива во нивната примена за секоја компанија и организација. Во текот на овој тренинг учесниците ќе научат практични техники за користење на најновите онлајн платформи и ќе се запознаат со трендовите и примерите за добра и лоша практика. Ќе се запознаат со различни алатки кои ќе им обезбедат подобра активност со публиката, создавајќи мерливи вредности. Тренингот, исто така, вклучува механизми кои се користат во случај на решавање на кризи на социјалните мрежи, спецификите на комуникацијата во такви ситуации и начинот на ефикасно реагирање на кризата.

Целта на овој тренинг е ефикасно промовирање на бизнисот, брендот или производите и  зајакнување на капацитетот на тимот кој управува со социјалните мрежи преку дефинирање на чекорите за успешно планирање и управување со социјалните медиуми.

  • Датум

    TBD

  • Време

    Од 4 to 16 часа

  • Формат

    Индивидуално
    Групно

  • Јазик

    Македонски

  • Локација

    Аминта Трети 37-1/18,
    Скопје

  • Цена

    Контактирајте ја агенцијата за понуда.

Теми

  • Особини и специфични карактеристики на Facebook, Instagram, Twitter и YouTube
  • Воспоставување корпоративно присуство
  • Креирање на содржина за овие мрежи
  • Тон и начин на комуникација
  • Рекламирање на социјални мрежи и дефинирање на целната публика
  • Поставување цели, публика, дефинирање на вистинскиот формат, дефинирање на буџети и мерење резултати од сите наведени мрежи
  • Примери за добри практики – предлози за содржина
  • Примери за лоши практики – што не е или не треба да се направи
  • Позиционирање и брендирање на институции на социјални мрежи
  • Важни елементи при градење публика
  • Подготовка на календар на постови
  • Како се развива и шири една криза преку социјалните мрежи
  • Типични и потенцијални кризни ситуации кои можат да се случат на интернет
  • Специфични и ефективни алатки во кризна комуникација на социјалните мрежи
  • Примери од досегашната пракса
  • Преглед и анализа на комуникациските трендови денес
  • Што е “контент маркетинг”, или маркетинг преку содржина?
  • Сегментација на медиумите според пристапот на контент маркетинг
  • Избор на фото и видео материјал за зголемување на интересот и реакциите на публиката
  • Моќта на споствените медиуми
  • Како функционира алгоритмот на Facebook и Instagram
  • Зголемување на интересот и реакциите на публиката преку постови и привлекување на нова публика
  • Креативни наслови на пораките кои привлекуваат внимание
  • Како да поттикнете натпреави на Facebook
  • Продажба на производи на социјалните мрежи
  • Facebook групи
  • Алатки за мобилна оптимизација на Instagram
  • SEO Оптимизација и Link Building
  • Клучни зборови, категории, тагови и описи
  • Вовед во Google Analytics и следење на сообраќајот на веб страницата

За кого е наменет овој тренинг:

Тренингот е наменет за поединци во комуникацискиот сектор, оние кои управуваат со социјалните мрежи во компаниите и организациите, како и фриленсери кои ја работат оваа работа и кои сакаат да ја подобрат својата експертиза и знаење.

Контакт