Facebook им овозможува на своите корисници да ограничат кој може да коментира на нивните постови

Корисниците можат да го прилагодат своето искуство на Facebook, со ажурирање на објавите и филтрите за новости. Новите функционалности ќе им овозможат на корисниците да:
• Контролираат кој може да коментира на нивната објава
• Да го филтрираат својот дел за новости за релеванти содржини
• Да дознаат повеќе зошто препорачаните содржини се појавуваат во нивниот дел за новости

Ограничете ги коментарите на вашите постови

Facebook корисниците сега ќе можат да ги ограничат коментарите на своите објави. Ова може да биде на ниво на целиот акаунт или само на одредените постови.

Корисниците ќе можат да го направат ограничувањето преку следниве опции:
• Јавно (за цела публика)
• Пријатели
• Луѓе или страни спомнати во објавата

“Со прилагодување на вашата публика, можете дополнително да контролирате кого сакате да поканите на разговор на вашите јавни објави и да ги ограничите потенцијално несаканите интеракции. И доколку сте јавна личност, бренд креатор, исто така можете да ја одберете публиката која ќе може да коментира на вашите јавни објави, така ќе се чувствувате побезбедно, а воедно ќе можете да се вклучите во позначајните разговори со вашата публика.”

Ова се чекорите:
• Одете на објавата на вашиот профил која сакате да ја ограничите за коментирање
• Кликнете ги трите точки на десна страна од менито на објавата
• Кликнете кој може да коментира на вашата објава?
• Одберете кому дозволувате да коментира на вашиот пост, од понудените три опции за дозволена публика

Ако личност или некоја страница ја гледа вашата објава, а не припаѓа во вашата селектирана публика, нема да може да остави свој коментар, бидејќи нема да ја имаа опцијата за коментар.

Филтри за новости

Facebook ги прави постојните филтри за новости поистакнати, за да им овозможи на корисниците поголема контрола на она што го гледаат на нивната апликација или web страна. Новото мени на горниот дел од news feed, се вика Feed Filter Bar, им дава на корисниците брз пристап до филтерот за ‘Favorites’(омилени) и ‘Most Recent’ (најчести објави).

Филтер Favorites

Филтерот (Favorites filter) е алатка која му дозволува на корисникот да приоритизира содржини од максимум 30 селектирани профили на пријатели или страници кои ги следи.

Објавите од одбраните профили ќе се појавуваат со приоритет според алгоритамот на новости, и ќе можат да се видат кога филтерот ќе биде применет.

Како да управувате со Favorites:
• Кликнете ја иконата со стрелката надолу, на горна десна страна од Facebook профилот.
• Кликнете на поставки и приватност
• Кликнете на поставки за новости
• Кликнете управување на омилени
• Селектирајте ги Favorites (омилени) со кликнување на иконата ѕвезда покрај личноста или страницата.

Корисниците нема да можат да селектираат цела група во нивни омилени, туку само поединци или страници кои ги следат.

Филтер за најнови објави

Филтерот за објава на најновите вести им олеснува на корисниците на Facebook да се префрлат на обратна хронолошка вест наспроти алгоритмички рангираните вести.

Корисниците на андроид ќе можат први да пристапат до овој филтер. Оваа опција ќе биде достапна за корисниците на IOS во наредните неколку недели.

Повеќе информации и препораки за содржините за новости

Facebook ја проширува функцијата “Зошто го гледам ова?”, која обезбедува поголем опсег на информации околу предложената содржина во новостите на корисниците.
Оваа опција веќе беше достапна за содржини на страници или групи, кои корисниците не ги следат.Сега се проширува на содржини од пријатели, страници и групи кои корисникот ги следи.

Извор: Facebook Newsroom