Приказна за нас
Агенцијата Represent Communications е основана во 2002 г. во Белград и денес под своја закрила има 60 професионалци. Како членка на групацијата Weber Shandwick – една од водечките светски комуникациски компании, агенцијата е позиционирана како една од најстручните и најиновативните при воспоставување на трендови на регионалната комуникациска сцена.
Со ПР-от како основна дејност, агенцијата се развиваше како центар за креирање содржини и дигитален маркетинг со што стана синоним за успешни интергрирани комуникации.
Со помош на се’ поголемите интерно развиени тимови како што се The Content Studio и Native Network, агенцијата Represent Communications ја обликува регионалната комуникациска сцена и им помага на своите клиенти да допрат до вистинската публика.