Приказна за нас
Основана во 2017 г. како дигитална, ПР и контент агенција во Македонија, Represent Communications Скопје набргу стана канцеларија со најголема стапка на раст во рамки на нашата мрежа. Со поддршката од тимот со големо искуство во дигитален и inbound маркетинг, агенцијата успеа да придобие клиенти како Coca Cola, OSCE, Пивара Скопје, Nelt Group, Mozzart Bet и многу други.
Во рамки на Represent System-от , канцеларијата во Скопје се издвојува по тоа што е единствена агенција која работи дигитални кампањи и стратешко планирање за меѓународни клиенти. Нејзиното глобално присуство е главен показател за посветеноста на агенцијата за развој и видливост на своите клиенти.