Кариера

Графички Дизајнер

Ново

Графички дизајнери, истапете еден чекор напред:  Ние, тимот на скопската канцеларија на Represent Communications сме во потрага по графички дизајнер со кој 8 часа во денот, 5 дена во неделата ќе работиме на проекти, клиенти, презентации, тендери…сета агенциска забавa!  

Represent Communications  е водечка регионална агенција за интегрирани комуникации,  која работи на кампањи за локални, регионални и интернационални клиенти, има 5 канцеларии во 4 земји на Балканот и е една од ретките агенции кои изминатата година го зголемија својот тим за дури 20 вработени на регионално ниво. Сега, Скопје е на ред – од сѐ срце му велиме добредојде на нашиот нов:

Секојдневни обврски
  • Дизајн и графичко уредување на рекламни материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страни и визуелен материјал за профили на социјални мрежи;
  • Подготовка на припреми за печатење;
  • Соработка и комуникација со агенцискиот тим, контрола на постоечките дизајнерски решенија и предлагање на нови доколку е потребно;
  • Комуникација со надворешни продукциски фирми за да се обезбеди исполнување на роковите и  продукција на материјалот со највисок квалитет.
Што бараме?
  • Минимум 3 години претходно искуство, пожелно во агенција
  • Креативност
  • Високо познавање на Adobe PhotoshopAdobe Illustrator, предност познавање на 2д анимација, Video editing, InDesign
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
  • Искуство во дигитален маркетинг;
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
  • Висок степен на одговорност и посветеност на работата
  • Комуникативност
  • Тимска работа
  • Професионалност
  • Желба за учење и надградување на знаењето
Што нудиме?
  • Работа и координација со Креативен Директор
  • Работа во тим со искусни професионалци од областа
  • Можност за соработка на регионални кампањи со тим на регионални ПР и маркетинг експерти од Represent Communications системот на агенции

Звучи добро? Не чекај ни минутка повеќе, испрати твое портфолио и CV на  office@represent.mk најдоцна до 01.02.2021. Среќно!

***Агенцијата го задржува правото да ги комуницира само оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите на Креативниот Директор.

Аплицирај