Школи

Креатор на Web содржина

Во кратки црти

Овој курс ги опфаќа најразновидните аспекти на создавање успешна веб-содржина, а по неговото завршување, ќе се стекнете со професионалното знаење за тоа како да ги продавате вашите производи или услуги секојдневно. Ова знаење може да ви помогне без разлика дали развивате сопствен бизнис или пак работите како маркетинг експерт во некоја компанија. Кога ќе го завршите курсот за веб содржина, ќе разберете што ја мотивира вашата публика и како да и се обратите на публиката. Дополнително, ќе стекнете практични знаења за креирање содржини и како да ги прилагодите во различни интернет платформи.

  • Датум

    20.02.2019.
    – 13.03.2019.

  • Време

    4 x Среда 15h – 19h

  • Начин

    Индивидуално
    До 20 учесници

  • Јазик

    Српски

  • Локација

    1-3/II Кнез Михајлова,
    Белград

  • Цена

    EUR 190 + ДДВ

Што ќе научите

  • Кои се основните форми на содржината и начинот на кој онлајн корисниците ја конзумираат.
  • Како да додадете вредност на содржината, да раскажувате приказна и да ја комуницирате пораката
  • Како да го користите SEO-то за да ги зголемите конверзиите и како да го подобрите органското пребарување.
  • Што е сензибилност на социјалните медиуми.
  • Кои се најдобрите начини да спонзорирате кампањи на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube).
  • Ќе дознаете информации за пред-продукција, методи на снимање и едитирање професионални видео материјали, продукција на високо квалитетни фотографии користејќи Android и IOS телефони

За кого е наменет
овој курс:

За сите кои сакаат да го развијат својот бизнис со помош на контент маркетинг.