Повеќе од иновација. Неопходност.
Дигитална стратегија
Креирање на успешни дигитални стратегии во изминатата декада постана клучен процес во случаеви кога треба максимално да се искористи работниот потенцијал на било која компанија. Како дигитална агенција со богато искуство можеме да ви помогнеме да креирате или да ги прилагодувате своите дигитални бизнис модели. Нашата лепеза од услуги опфаќа се’ од inbound маркетинг, преку огласувања на социјалните мрежи до дигитална аналитика. Накратко – ние го трасираме патот на вашето интернет присуство.
Маркетинг на социјалните мрежи
Социјалните медиуми во потполност ја трансформираа комуникациската сцена. Тие се прилагодуваат кон секоја форма на содржина. Забава? Секогаш. Вести? Никаков проблем. Брендирање? Апсолутно. На овој начин и огласувањето на социјалните мрежи со соодветна пратечка содржина постана скапоцена маркетиншка алатка. Represent Communications може да и помогне на вашата компанија да создаде силно онлајн присуство на платформите на сите најголеми социјални мрежи: Facebook, Instagram, LinkedIn, Twitter, и YouTube. Нашето TXE Content Studio нуди комплетна услуга – од сеопфатна стратегија, преку креирање разновидни содржини, до детална дигитална аналитика. Со други зборови – ние ви помагаме да дојдете на добар глас преку креирање на убедлива онлајн содржина. А тоа дефинитивно е новата стварност.
SEO Оптимизација
Еден мудар човек еднаш рече – корисникот побргу ќе го скрати своето пребарување отколку што ќе отиде на втората страница од резултати. Токму поради овој едноставен факт, SEO е од исклучителна важност. Нашите SEO услуги се осмислени на начин да постигнат две цели: ја придвижуваат вашата компанија кон самиот врв на пребарувани резултати и ја одржуваат таму. Нашите стручни лица го постигнуваат тоа преку квалитетни веб содржини, внимателен развој на линкови и внимателно одбрани клучни зборови.
PPC (Плаќање по клик)
Кога се работи за резултати од пребарувањата, SEO може да ве смести на самиот врв, но добро позиционирана PPC кампања може да отиде и понатаму – преку врвот. Благодарејќи на деталното пребарување на клучните зборови и идеалното пласирање на огласи во можност сме да обезбедиме и одржуваме број на кликови со кои ќе бидете пред конкуренцијата.
Веб дизајн & развој
Информативен и атрактивен вебсајт секогаш ќе го претставува лицето на вашата компанија. Нашите експерти за веб дизајн и развој се грижат за тоа вашиот сајт да биде едноставен за пребарување и воедно да привлекува внимание. Нудиме комплетни услуги, вклучувајќи UX и UI дизајн, CMS имплементација и одржување на сајтот. Едноставно кажано – можеме да го направиме вашиот сајт функционален, лесен за користење и визуелно привлечен.
Lead generation (Генерирање на лидови)
На секој бизнис му е потребна онаа почетна искра која ќе ви помогне да стигнете до купувачите и ќе ја отпочне продажбата. Нашиот тим има развиена низа успешни онлајн техники за привлекување и задржување на вашата целна група. Преку емаил маркетинг, социјални мрежи, огласи и ре-таргетирања, нашата цел е да ги заинтересираме купувачите со помош на проширување на вашиот потенцијален пазар до крајните граници и повеќе од тоа.
Influencer (инфлуенсер) маркетинг
Да, инфлуенсер на социјалните мрежи е вистинска професија. Она што на почетекот изгледаше како минлива мода, сега владее со светот на онлајн маркетингот. Една неодамнешна студија потврди дека 75% од компаниите активно соработуваат со инфлуенсери или пак планираат тоа да го сторат. Нашето ТХЕ Studio може да ви помогне да го одберете вистинскиот инфлуенсер за вашата компанија и да го зацврстите идентитетот на брендот преку убедливи содржини и однапред дефинирано управување со заедницата.