Услуги / Односи со јавноста

Како лидери во регионот се наогаме на челната позиција за усвојување на нови технологии и трендови во маркетингот во услугите кои ги нудиме. Но нашата иднина е одредена од работата која ја работиме денес – помагајќи им на нашите клиенти да се претстават на најдобар можен начин.

Да преминеме веднаш на главното

Стратешко Планирање

На секоја активност и претходи план. Ги прилагодуваме идеите согласно очекувањата на целните групи, и ги претвораме во изводливи процеси. Нашето стратешко планирање секогаш има за цел да изготви одржлив проект поддржан со мерливи резултати. Суштината е во тоа да се усогласиме со вас. Од тука се’ понатаму се движи со одреден тек. 

Корпоративен и Бренд PR

Нашите клиенти се наши партнери. Нашата соработка се темели на меѓусебна доверба која ја градиме на основа на двострана верба во стручноста и знаењето. Ги разбираме и се грижиме за бизнис интересите на нашите клиенти и ги претвораме во соодветни комуникациски цели. Лично се идентификуваме со потребите и барањата на клиентите, и со тоа тежнееме кон заеднички успех.

Општествено одговорно работење

Општествената одговорност е длабоко вкоренета во нашето работење. Заедно со нашите клиенти се обидуваме да оствариме значително влијание за позитивни промени во општеството, или да бидеме дел од решенија кои водат до благосостогба за сите.

Односи со медиумите

Во изминатата деценија ипол изградивме цврсти врски со најзначајните претставници на медиумите на локално, национално и регионално ниво. Како такви се наоѓаме во одлична позиција да воспоставуваме и одржуваме односи помеѓу вашата компанија и медиумите. Дали ви е потребно постојано присуство во медиумите, или пак итно решавање на кризни ситуации преку медиумите – тука сме за вас.

Организирање на настани

Многу добро знаеме како добро организиран настан може да одекне во јавноста. Нашите услуги се состојат од организирање на конференции за печат, формални настани како што се тркалезни маси и големи бизнис форуми, и забавни настани од висок профил како што се концерти и спортски настани. Прецизно ги забележуваме сите детали и секој настан го прилагодуваме според очекувањата на оние на кои е наменет. Нашето знаење ќе го претвори вашиот настан во пријатно и возбудливо искуство.

Кризен ПР

Мотото да се биде секогаш подготвен постои со причина. Ние не чекаме кризата да настапи. Наместо тоа, изготвуваме планови за сузбивање на кризи, развиваме сценарија за кризни комуникации и пружаме поддршка пред да дојде до таква ситуација. И доколку нешто се случи, спремни сме да дејствуваме и реагираме. Истотака, обезбедуваме ПР обуки за своите клиенти со што гарантираме целосна контрола на штета.

Интерни Комуникации

Развивањето и одржувањето на корпоративната култура никогаш не е лесна задача – тоа го знае секоја компанија. Секој сегмент на комуникација мора да обезбеди вредност која за возврат ги собира луѓето околу заедничката цел. Ние ви помагаме да креирате интерни пораки кои ги придвижуваат вашите вработени поблиску до вашата визија и цел. Така и муабетењето за време на паузата станува попријатно!

Работи од јавен карактер

Професионалните работи од јавен карактер се вистинската алатка вашиот глас да допре таму каде што треба. Со помош на најновите компјутерски технологии вршиме пратење и анализи, спроведуваме мапирање и испитувања на групи од интерес, развиваме спојувања и управуваме со програмите на целното ангажирање. Сево ова го правиме за да им помогнеме на нашите клиенти да допрат до оние кои ги донесуваат одлуките. Сепак, нема ништо поважно од добрата репутација.

Со кого?

  • Cocacola
  • Hellenic
  • Hemofarm
  • Schneider
  • Asseco
  • Ball
  • Delhaize
  • Filmbox
  • Giz
  • Lesaffre
  • MK Group
  • Molson Coors
  • WizzAir
  • Nelt
  • Neoplanta
  • Philip Morris
  • PWC
  • Roma
  • SAM
  • Kneza Miloša