Тренинг

Тренинг за Кризна Комуникација

Во кратки црти

Оваа напредна програма за обука за комуникација во кризни ситуации опфаќа ПР стратегија за интерна и екстерна комуникација, за традиционалните и социјалните медиуми. Обуката вклучува реални симулации на кризни ситуации во форма на снимање интервјуа со нашите искусни новинари. Целта на овој тренинг е да им се овозможи на учесниците да ја препознаат кризната состојба и соодветно и проактивно да одговорат на неа, како и да го дефинираат системот за комуникација за време на кризата. Тренингот вклучува запознавање на учесниците со одговорности во кризниот тим и запознавање со фазите и достапните алатки за успешно решавање на кризата.

  • Датум

    TBD

  • Време

    Од 4 до 8 часа

  • Формат

    Индивидуално
    Групно

  • Јазик

    Македонски

  • Локација

    Аминта Трети, 37-1-18,
    Скопје

  • Цена

    Контактирајте ја агенцијата за понуда.

Теми

  • Дефинирање форми на кризни ситуации
  • Дефинирање на причините и развојот на кризната ситуација
  • Презентирање на моделот на кризна комуникација
  • Како да се зачува репутацијата на компанијата
  • Управување со кризна комуникација
    – Дефинирање на целите
    – Дефинирање на таргет групите
    – Креирање на пораки соодветно за таргет групите
  • Draft содржина за кризата
  • Комуникација и ангажирање на заинтересираните страни
  • Кодекс на однесување во кризна ситуација
  • Давање медиумски изјави и интервјуа во кризна ситуација – Симулација
  • Онлајн репутација и заштита на содржината
  • Search Engine Optimization (SEO)
  • Комуникација на социјалните медиуми
  • Реакција и ангажирање на публиката на социјалните медиуми
  • Мониторинг и реакција на коментари

За кого е наменет овој тренинг:

Тренингот за кризна комуникација е наменет за оние вработени, најчесто менаџери кои, на директен или индиректен начин, ќе бидат вклучени во случај на кризна ситуација во компанијата. Тоа би биле учесници на високи позиции, лица вклучени во планирањето при управување со кризи, врвни менаџери, лица задолжени за комуникација со медиумите и експерти во комуникациите.

Контакт