Овој напреден тренинг претставува стратешки пристап кон управувањето со комуникацијата на социјалните мрежи и укажува на широка перспектива во нивната примена за секоја компанија и организација. Во текот на овој тренинг учесниците ќе научат практични техники за користење на најновите онлајн платформи и ќе се запознаат со трендовите и примерите за добра и лоша практика. Ќе се запознаат со различни алатки кои ќе им обезбедат подобра активност со публиката, создавајќи мерливи вредности. Тренингот, исто така, вклучува механизми кои се користат во случај на решавање на кризи на социјалните мрежи, спецификите на комуникацијата во такви ситуации и начинот на ефикасно реагирање на кризата.
Целта на овој тренинг е ефикасно промовирање на бизнисот, брендот или производите и зајакнување на капацитетот на тимот кој управува со социјалните мрежи преку дефинирање на чекорите за успешно планирање и управување со социјалните медиуми.