Цел свет зборува за CLUBHOUSE апликација. Како аудиото “се врати во игра”
Блог - Apr 14, 2021
Изминатиот период на сите страни беше актуелно да се прочита терминот “Clubhouse”. Ако сепак не знаете за што станува збор, тогаш ние ќе ја решиме дилемата: се работи за апликација која навистина го полуде светот. Оваа апликација се базира на аудио чет (chat), и е буквално најактуелното нешто во светов моментално.
Иако споменатата опција ја имаат и Whatsapp, Messenger, Viber, Instagram и уште многу други апликации, веднаш да разјасниме, не станува збор за било каква аудио снимка- тука приказната не завршува.
Апликацијата станува сѐ популарна, особено кога почна да ја користи и Илон Маск за која јавно зборуваше, а неговиот пример го следеа и други познати личности како: Опра Винфри, Марк Цукенберг, Дрејк, Кајне Вест и др.
Clubhouse буди исклучителна заинтересираност ширум светот особено затоа што не може да се превземе од AppStore или Google Play. Едноставно никаде како да не постои, но за Apple корисниците е достапна исклучиво со покана. Најавуваат дека наскоро ќе се појави и на Google Play, но тоа сеуште не е потврдено.
Фотографија: freepik.com
Како функционира Clubhouse?
Корисниците на оваа апликација можат да слушнат разговори, интервјуа, дебати помеѓу интересни луѓе на разни теми. Замислете online подкаст – најблиску до тоа, а сепак се работи за специфична платформа. Можете да отворите виртуелна соба сами, или да се придружите на веќе постоечка. Сѐ се случува во живо, во реално време и затоа разговорите не може да се снимаат, ниту пак да се пуштат подоцна.
Виртуелните соби се ограничени на максимум 5000 луѓе, така да не можете секогаш да присуствувате на секој разговор, во случај да е собата пополнета. Важно е да се знае дека не може сите да зборуваат во собата, туку само да слушаат, а по стапките на Zoom и Teams кои ги апсолвиравме изминативе година дена, можете да дигнете рака и побарате дозвола да се обратите или поставите прашање.
Алгоритам и безбедност на корисниците
Како и сите други апликации, и оваа ќе ви предложува содржини кои ве инстересираат, т.е слични на оние кои веќе сте ги преслушале. Кога ќе креирате акаунт, ќе имате можност да одберете теми и области кои ве интересираат, така ќе ви се прикажуваат содржини кои би сакале да ги гледате. И тоа е сѐ што знаеме за сега.
Кога е во прашање безбедноста на корисниците, постојат многу пишани текстови и блогови во кои се потврдува дека сѐе на високо ниво, барем за сега и забраната за снимање директно во апликацијата е еден од начините за заштита. Доволно говори и информацијата дека апликацијата е забранета во Кина, токму поради неможноста да се има увид во разговорите кои се водат на платформата, а кои би можеле да ја загрозат државната и националната безбедност.
Позади оваа апликација стои компанијата Alpha Exploration Co чија вредност порасна за милијарда долари, како што известува британскиот Financial Times. Истиот сервис во мај 2020 година вредел 100 милиони долари имал 1500 корисници вкупно. Денес има 2 милиони корисници. Замислете колкав раст би постигнал, доколку апликацијата е достапна и за андроид телефоните!
И додека едни се залажуваат дека ова е само messenger апликација која има дополнителни функционалности, други веќе зборуваат дека станува збор за нова социјална мрежа. Времето сепак ќе покаже во која насока ќе се развива апликацијата Clubhouse, и дали е навистина безбедна. Но неспорно е дека е првата апликација која иако не е достапна за сите има голема популарност на глобално ниво.
#StayTuned