Велат биди жена. Работи, не амбициозно. Планирај семејство, но не сега. Раѓај, но работи до раѓање. Одморете се од работата за време на породилното отсуство и издржи ги непроспиените ноќи. Посвети му се на детето, немој да работиш…
Породилното е период посветен на твоето најмило што штотуку дошло на овој свет. Периодот кога најмалку спиете, а личните капацитети доаѓаат до израз. И навистина, не бев свесна за моите можности и капацитети сè додека не станав мајка. Период кога сè се менува, дури и начинот на размислување за сите клучни сфери на животот. Тоа мало суштество буди нова личност во вас и ви дава беспрекорна сила.
Точно тоа ми се случи и мене. Одеднаш, сфатив дека имам сила за сè, дури и покрај мало бебе и работата што ме чека, да ја остварам и мојата лична амбиција, која ја негував малку низ годините и ја задржав таму. Се роди желбата да ја пренесам мојата љубов кон работата и едукацијата во една дигитална форма која ќе им помогне на многумина кои се борат за своето место на Интернет. И замесив крофна. Каква? Дигитална 🙂 !
Дигитална крофна е микроблог на Instagram наменет за сите што сакаат да научат сè за дигиталниот маркетинг со цел да го подобрат својот бизнис, услугите што ги даваат или да одлучат да го бават со тоа.
Зошто блог на Инстаграм? Зошто не веб-страница? Одговорот е сосема логичен кога ќе погледнете како навистина Интернетот работи денес. Сè поминува низ социјалните мрежи! Но, сè! Дистрибуција на информации, вести, трендови, производи, услуги… Сè е поставено на социјалните мрежи и продолжува да се шири меѓу корисниците кои прават селекции и избираат тематски трендови. Тогаш зошто би креирала содржина за веб-страница која потоа ќе ја споделам на социјалните мрежи кога вистинското внимание е токму на нив. Мојата посакувана публика е таму, на Инстаграм, платформа која ми дозволува да се изразам преку текст, слика и видео и да стигнам до оние за кои е се наменето. Кога заедницата стана доволно голема, страницата следуваше како следен чекор.
Но, како да создадете заедница на вистински следбеници кои се навистина таму за содржината, а не како залутани минувачи? Не е лесно, но не и невозможно, само бара јасно поставени цели, план, трпеливост и упорност.
Пред сè, содржината е многу важна – и тоа содржина што дава вредност! Во мојот случај, тоа се специфични совети од областа на дигиталниот маркетинг, особено советите на Инстаграм, затоа што тоа им е потребно на корисниците – некој да им помогне и да објасни на наједноставен јазик како функционираат работите. Мислам дека тоа е најголемата придобивка од „крофната“.
Но, за да биде содржината видлива и да обезбеди добар органски раст, неопходно е, покрај квалитетот, да следите и некои „правила на инстаграм“. Имено, Инстаграм е платформа која има многу повеќе содржини од корисниците, па за да може содржината што ја објавувате да биде видлива, креирајте ја во согласност со алгоритмот на Инстаграм, со цел тој да ја „турка“ понатаму. Што значи тоа? Денот кога хронолошкиот feed беше прекинат, Инстаграм создаде алгоритам што ја презема улогата на „пријател“ кој ви препорачува содржина, односно одлучува што би било видливо на вашиот Home-feed. Кога објавувате нешто, Инстаграм ви дозволува да видите како ќе реагираат вашите следбеници, а во зависност од тоа, алгоритмот одлучува дали да ја прикаже содржината на поголем број корисници или не. Следбениците со кои имате најмногу интеракција ќе ја видат содржината која ја споделувате. И, тука доаѓаме до најголемиот предизвик со кој се соочуваат сите на Инстаграм – како да се зголеми интеракцијата (ангажманот) со следбениците за што поголем број од нив да имаат можност да ги видат вашите постови на нивниот Home-feed. И не само постовите, туку и сторињата, секој сака неговото “story” кругче да е меѓу првите кога некој ја отвара апликацијата.
Квалитетна содржина, јасен план, секојдневна активност и трпеливост се всушност најважни за постигнување на резултат! Инстаграм сака да бидете активни, но исто така содржината која ја креирате да ги задржува вашите корисници што повеќе на мрежата. Ќе успеете во тоа само ако вашите постови вредат да се прочитаат и споделат.
Исто така, редовната комуникација со следбениците низ “story” опцијата со користење на стикери во форма на анкети и квизови го зголемува engagement-от и го зајакнува вашиот однос со следбениците. Важно е да ги вклучите во дискусијата преку полето со прашања и да ги слушате затоа што тие се главниот извор на инспирација за вашата идна содржина. Изградете заедница, но не со цел да го зголемите бројот на следбеници, туку да изградите врска со оние кои веќе ве следат. На овој начин, за само 5 месеци достигнав 10.000 следбеници на Инстаграм.
Текстот е преземен од: digitalnakrofna.com