LinkedIn со нови опции!
Блог - Apr 08, 2021
Бизнис базата за поврзување на корисниците со компаниите, воведува нова опција.
Имено LinkedIn подолго време развива посебен сервис кој би требало да ги поврзе корисниците и компаниите кои бараат одредени услуги. Новиот сервис се најавува под името LinkedIn Marketplace. Со оваа опција се очекува дополнителен пораст на бројот на корисници на самата LinkedIn мрежа.
Соопштено е дека платформата за хонорарци е само дел од големиот план на Microsoft за LinkedIn, кој вклучува дигитален паричник, и во кој корисниците ќе можат да складираат пари и од него да ги плаќаат хонорарните работници.
Целта е да се помогне на оние кои се во потрага по работа. Што значи дека LinkedIn во иднина ќе овозможи едноставно поврзување на компаниите со луѓето без дополнителни огласи и регрутации за работа. За содржината која би ја објавувале професионалци како писатели, консултанти, преведувачи и сл., корисниците би морале да плаќаат претплата или би добиле можност за плаќање хонорар во знак на поддршка на нивната работа.
Напредуваме сè повеќе зар не!
Уште една нова опција во тек е и воведното (intro) видео кое може да си го постирате на вашиот профил!
LinkedIn се погрижи своите корисници да добијат можност да прикачат и видео во кое би се претставиле себеси, а компаниите така би си го олесниле патот преку прилагодување на возраста до вработување. Преку истражувањата кои ги направи самата мрежа помеѓу компаниите кои регрутираат и корисниците кои бараат работа, дојде до заклучок дека имаат поголема претстава за кандидатите преку визуелната интеракција. Барателите на работа бараат подобар начин да се претстават себеси на компаниите, дури веруваат дека видео опцијата може да биде новото CV.
LinkedIn корисниците наскоро ќе можат да прикачат cover story на нивниот профил, овозможувајќи им да ја персонализираат првата интеракција со компаниите во форма на видео. Исто како кај Facebook и Instagram, опцијата за видео ќе биде прегледна кај нивната фотографија.
Во видеото, барателите на работа можат кратко да се претстават себеси, своите планови и искуства, комуникациските способности, хоби. Компаниите можат да ја применуваат оваа опција за презентирање на своите сервиси и услуги за своите клиенти.

Фотографија – freepik.com
Неколку совети за продуктивна комуникација на LinkedIn:
• Кога на својот профил ќе ја ставите опцијата “open for business”, вие давате до знаење дека сте во потрага на работа или соработка, така полесно ќе ве забележат компании кои имаат потреба од кадар во дадената област, дали хонорарно, времено или неопределено, оставате простор за полесна комуникација.
• Секогаш обрнете внимание да имате опфатено сè од вашето работно искуство, завршено образование
• Следење на курсеви и добиени сертификати во денешно време на глобална дигитализација и те како оди во прилог доколку сакате да работите нешто во кое немате доволно искуство или практично поминато време во областа
• Што повеќе конекции со пријатели и компании, толку поголема присутност на вашето име на мрежата
• Бидете креативни, потенцирајте го оној дел од себе со кој би биле најпродуктивни токму на новото работно место.
• И секако направете свое CV видео!
Новите опции се секогаш IN!