Дали новите промени на алгоритмите значат цензурирање на објави на социјалните мрежи

Исто како со цигарите, играњето компјутерски игри и сличните облици на „зависност“ во современото општество, социјалните мрежи може да создадат определен тип на зависност кај корисниците. Но, експертите велат дека е многу полесно да се каже „не“ на никотинот отколку во модерново време да се избегне  користење на некој канал за комуникација и барем на момент да се “скокне“ на Facebook или да се ѕирне што има ново на Instagram.

Исто така, најголем број од големите светски компании знаат дека модерните потрошувачи се онлајн ориентирани. Оттука и големиот број на реклами и огласи кои постојано и насекаде се појавуваат, pop ups, тизери кои го прекинуваат гледањето на некое видео на Youtube или Facebook итн. Разноликоста на рекламите е толкава што може да нѝ биде прикажано билошто во билокое време.

Согласно тоа, Instagram веќе некое време експериментира со алгоритамот, па освен можноста за отстранување на несаканите реклами, најавен е и поинаков приказ на фотографиите на кои нема да се гледа колку луѓе ја лајкнале таа објава, а целта е да се тргне фокусот од конкуренцијата и барањето на општествена потврда, кои се појавија на сите социјални мрежи.

Сепак, трговците сметаат дека тоа ќе биде проблем кога станува збор за спонзорираните постови и ја гледаат ваквата промена на алгоритамот како своевидна цензура.

Пред неколку години корисниците на Facebook беа незадоволни од постојанот појавување на негативни вести и изобилсво од црна хроника на нивниот news  feed па набрзо беше воведена опцијата hide, која ви овозможува да сокриете некоја содржина која не сакате да ви се појавува во иднина, да ја отследите страницата и да дадете фидбек дека не сакате да гледате објави со слична содржина.

Сепак, при регистиррање профил на оваа мрежа корисниците потпишуваат согласност за да бидат дел од системот. Согласно тоа Facebook има право да ги цензурира објавите на својата мрежа. И знаете што? Колку и да е фрустрирачки, Facebook, има право да биде пристрасен и да ги менува своите алгоритми се додека не ги крши законите за безбедност на податоците или Општите уредби на ЕУ за заштита на личните податоци.

Ако Mark Zuckerberg сака да промовира fake news едноставно може да го прави тоа. Мора да признаеме и прифатиме дека Facebook е негова платформа, а не наша. На пример, мноштво експерти за content сметаат дека, без оглед на тоа колку често Facebook го менува својот алгоритам нема да се појави баш секоја реклама. Секогаш ќе има место за интересна содржина, подолга или пократка, квалитетното и примамливо  copy никогаш нема да исчезне.

Она што би требало маркетинг компаниите да го направат е да преземат чекори со кои ќе останат видливи, кои ќе им овозможат да не бидат закопани или отстранети од платформите на социјалните мрежи на кои толку многу работат.  Но, како да се постигне тоа?

Три основни правила за трка со трендовите

  1. Константно вложувајте во едукација – Колку и да сте потрошиле пари на развој на вашиот кадар, не е доволно. Едноставно, никогаш не е доволно. Единствен начин да останеме релевантни на пазарот е низ сериознен систем на образование и страст за унапредување.
  2. Секој вклучен во работата на компанија за дигитален маркетинг треба да биде подготвен за моментален пресврт.
  3. Ако компанијата може да изгради одличен веб сајт или апликација која ќе ја распамети конкуренцијата, иако се чини дека во денешно време нема многу простор за поместување на границите, тогаш сигурно може и да се соочи со цензурата на другите платформи. Измените на алгоритмите не смеат да влијаат на вашата способност да бидете во чекор со времето и конкуренцијата.

За крај, бидете свесни дека Facebook, Twitter и сличните платформи ќе продолжат и понатаму постојано да се менуваат. Тие не им должат ништо ниту имаат договорени обврски кон огласувачите. Тие се компании кои ќе продолжат да растат и ќе се трансфомираат согласно потребата да го водат својот бизнис исто како што го водите и вие вашиот. Тоа што повремено им плаќате кампањи не значи дека тие мрежи треба да ви бидат понаклонети.

За 20 години Facebook можеби нема ни да постои или нема да функционира како социјална платформа. Со Google е веројатно малку поизвесно дека ќе остане она што е денес. Освен тоа, огласувачите во меѓувреме ќе сфатат дека лојалноста на читателите е минлива. С ѐсе менува од ден во ден. Потребно е секојдневно да се истражуваат нови процеси.

Добар начин за да се поремети и победи конкуренцијата и оваа т.н. цензура на социјалните мрежи е усвојување на свеж и позитивен начин на размислување. Колку и да не фрустрира цензурата е тука за да остане и на некој начин да ги уреди социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *