Блог

Facebook одамна ги препознава лицата на корисниците, а никој не се прашува зошто

Вести - Nov 29, 2019

Facebook  повторно е на удар, овој пат поради веста дека тестираат апликација за препознавање лице на вработените. Она што може да ги возбуди корисниците е фактот дека апликацијата е развиена со цел препознавање лица со камера. Притоа, не е можно корисникот да го отвори својот профил, туку да пронајде (претежно непознат) профил на луѓе на Facebook со тоа што ќе ја покаже својата камера кон лицето.

Ваквата опција секако би ја загрозила и онаа мала приватност која ни остана, но за среќа, Business Insider известува дека понатамошниот развој на апликацијата е суспендиран во 2016 година. Беше тестиран за вработените во Facebook и нивните роднини и пријатели кои активираа препознавање на лицето на нивните профили.

Facebook потврди дека работеле на апликацијата, но не сакаат да потврдат дали апликацијата навистина можеше да ги идентификува корисниците на социјалната мрежа. Наместо тоа, изјавија дека нивниот тим редовно развива различни апликации што ги користат интерно за развој на технологијата. Можеме само да шпекулираме кои се опции Фејсбук ги тестирал и како експериментирале.

Оваа опција можеби никогаш нема да се примени, но самиот факт дека е можна опција ни остава простор за размислување и страв. Затоа е важно за нас да бидеме во тек, како за промените на мрежите, така и за начините на кои можеме да ги заштитиме нашите податоци и информациите што ги споделуваме со нашите „пријатели“ и следбеници.

Извор: Forbes.com

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.