Блог

Google најави промени во основниот алгоритам за пребарување – што значи тоа за нас?

Вести - Jun 04, 2019

Светските медиуми веќе подолго време пишуваат и ги најавуваат овие промени во алгоритмот на Google, поточно тоа би се случило во јуни оваа година. Со цел да се направи повеќе интересно, главните промени беа објавени на 2 јуни во текот на денот, а со тоа се смета дека крајните корисници се информирани за промените.

Еве го твитот кој го постираа како прво известување, а кое предизвика и бура од коментари во дигиталниот свет:

Исто така, најавија дека во тек на ден на 3ти јуни, ќе објават база на податоци за ажурирани алгоритми за пребарување, која ќе се случува до крајот на јуни 2019 година.
Како што објаснија од компанијата, овие промени нема да се видливи со голо око, т.е нема да влијаат на визуелниот идентите, но сепак да се земе во предвид начинот на кој ќе се случат птомените при пребарувањето.

Но, да нема забуна, Google се ажурира на секои неколку месеци – така да последните проемени се случија во март годинава, за кои немаше многу коментари и несогласувања.

Danni Sullivan, стручњак, смета дека нема многу “голема разлика” во врска со оваие промени во однос на претходните. Исто така, последната изјава од главните луѓе на Google, ја потврдуваат неговата изјава:

–  Секој ден Google објавува една или повеќе промени кои имаат цел да ги подобрат резултатите. Некои се фокусирани да ги подобрат нашите резултати. Некои се фокусирани кон специфични подобрувања. Некои се големи промени. Тоа го правиме рутински, неколку пати годишно. 

При ваквите промени кои Google честопати ги имплементира, може да забележите пад во посетите, но тоа не е нешто невообичаено. Па да заклучиме од погоре наведеното, овие промени нема во голема мера да влијаат врз крајните корисници, па затоа и нема простор за грижа и паника.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.