Жешки теми во Represent Communications – нашата нова веб страница!
Блог - Mar 21, 2019
Како што ја основавме една од првите ПР агенции во 2002, воспоставивме Онлајн ПР Сектор во 2008, или уште пред Facebook-от да пристигне го создадовме првото Txe Content Studio во 2015, сега воведуваме нешто што ќе го означи почетокот на новата ера. Од сега па натака, 5 агенции на Represent Communications во 4 соседни држави ќе имаат свој прв Content Hub на својата нова веб страна.
Се надеваме дека и нашата нова страница ви се допаѓа. На неа работевме заедно со една од најдобрите програмерски компании повеќе од 6 месеци, оптимизирајќи и дизајнирајќи ја да биде лесна за пребарување и корисна за сите кои ја посетуваат. Во оваа насока бевме водени од филозофијата на контент маркетингот, позната како inbound маркетинг или direct response marketing, која не учи дека комуникацијата треба да биде со придобивки наместо агресивна, дека нашите клиенти се херои чии потреби во даден момент треба да бидат третирани преку комуникација на начин на кој тие сакаат да бидат перципирани.
Ние во Represent сфаќаме дека времето на класичните маркетинг модели е поминато. Иако многумина од нашата индустрија сеуште одбиваат да го прифатат тоа и упорно ги промовираат ТВ рекламите и печатените или онлајн реклами како најдобри креативни производи. Сите сме сведоци како интернетот ги бутка настрана печатените медиуми, на ист начин на кој Netflix и други pay-per-view телевизии предничат во однос на класичните линеарни телевизии, но не го менуваме бизнис моделот на маркетинг агенциите, кој е дефиниран пред повеќе од 50 години. Ова е причината зошто најголемите маркетинг империи во светот заостануваат и губат од својата вредност.
Но, тимовите на Represent во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија постојано учат и тежнеат да го користат новостекнатото знаење во секојдневната работа. Ги советуваме нашите клиенти да ги користат новите растечки и ефикасни начини на комуницирање на пораките со класичната и сеуште ефикасна комуникација. А новите начини на комуникација набргу ќе бидат единствени кои ќе вродуваат со плод. Оваа веб страница служи како пример за нашите клиенти, како и за сите наши колеги, за тоа како изгледа добро организиран и менаџиран content hub, кој може да се аплицира во маркетинг индустријата како и во останатите бизнис сегменти.
Воопшто не се плашиме да пробаме нешто ново, да излеземе од комфорната зона и да го примениме на себе она во што веруваме. Бидејќи, како што New York Times оди дигитално, а Google раскажува емотивни човечки приказни на најскапите ТВ слотови, така и ние во нашиот мал регион мораме да бидеме во чекор и да комуницираме на начин на кој сите во светот не разбираат!