Блог

Кога ќе пораснам, ќе се занимавам со Едукација …

Блог - Oct 10, 2019

На почеток на оваа година добив нови одговорности, меѓу кои и развој на нашиот таканаречен интерен сектор – Едукација. Одприлика како мачката од филмот – Доручек кај Тифани, која ја нарекуваа само “Мачка”. Па така ние нашата едукација ја нарековме “едукација”

Комплетно не доволно свесни за сите можности. Исто како што и Одри Хепберн за тоа колку и значи Мачката. 

Да се вратам на мојата задача, секако предизвик …

Моите претходници направија прилично добра работа: тие го изградија брендот ЛСПР (Лондонска школа за односи со јавноста), развија број на тренинзи, дизајнираа нови училишта. Се соочувам со различен предизвик од порано: понатамошно развивање на брендот за едукација на ниво на Represent System во регионот.

Дооооброооо.

Немам упатства и патоказ, немам ниту готови решенија, но сепак можам да споделам со вас како стигнавме до три училишта во три града во регионот во ист минатата сабота, за само осум месеци.

Прво, едукацијата требаше да добие име, поточно да се брендира. Така е родена Knowledge Academy.

Второ, имаме канцеларии во пет градови во регионот и досега едукациски програми имавме само во Белград. Направивме анализи на пазарот, се консултиравме со клиенти од локалните канцеларии на кои најмногу ќе им користи, и ете – LSPR е вратена во Сараево и во Скопје, Content Academy паралелно формирана и во Сараево и во Белград.

Трето, овој сектор го наследив “обезглавен” (една колешка замина на породилно, друга доби нова работа) – го доведовме Ненад Антич на позиција HR. Неговата смиреност, систематичност и фокус можат и тоа како да влијаат на развојот на едукација. Храбро ја прифати двојната функција, а се останато е историја. 

И следи прашањето, ама искрено: Во што сме навистина добри, а сепак да не е LSPR? Истражи, проучи, прашај–луѓето велат дека тоа е јавен настап. Уф, чекај малку – со јавен настап се занимаваат многу луѓе , глумци, новинари. Многу од нив го прават тоа на високо ниво. Своевремено организиравме семинари за презентациски вештини и јавен настап, но тоа за нашиот пазар не беше доволно.

Со што луѓето имаат најголем проблем кога станува збор за јавно обраќање? Речиси единствен одговор е: тремата. И на тремата додадовме: подготовка, подготовка, вежбање, вежбање. ангажиравме психолог, ангажиравме професор од ФДУ (исто така познат актер), го ангажиравме нашиот познат параолимпиец да зборува за фокусот. А резултатот е : никогаш не добивме толку многу пофалби од присутните.

И најголемиот предизвик – Content Academy. Represent Communications на пазарот е позната како ПР агенција, во тоа сме мајстори, експерти и се по ред. Последниве години многу инвестиравме во развој на The Content студиото, кое е задолжено за дигиталниот маркетинг, content маркетингот и продукцијата. Но, земајки во предвид дека ПР брендот го градевме 15 години, не очекуваме дека секое врапче може да не препознае како агенција за content. Потполно свесни за тоа, вложуваме, се трудиме, учиме и се равиваме. Меѓутоа како почнавме со продажбата на Content академијата, се соочивме со вистинскиот предизвик – безброј школи, курсеви и тренинзи за SEO, Facebook, Instagram, Online репутација. Цени од 20, преку 60, 100 до 300 евра. Нашата Content академија е значајно поскапа.

Дилема– дали се натпреварувате само со цени?

Не. Курсевите за 100, 200 евра не се наша конкуренција. Ова не значи дека конкурентите не нудат квалитетни програми за овие цени, напротив. Како и да е, едноставно, нашиот деловен модел е меѓународно сертифицирани школи што траат пет недели или повеќе, со регионални предавачи и меѓународно наградувани говорници, кои се признати како врвни експерти. Од друга страна, ние не сакаме бројка, па затоа и одржуваме групи на ниво до десет студенти, затоа што овој број гарантира квалитет и посветеност.

И започнавме. Така Knowledge академијата ја започна есента возбудливо стартувајќи 6 школи во четири земји во регионот кои ќе траат цела есен и зима. Бескрајно благодарни на сите наши учесници, воедно и почестени што го збогативме наставниот план со нови предавачи, со нетрпение ги споделуваме впечатоците од сабота до сабота.

Драго ни е за сите пофалби, но секако ги цениме и критиките бидејќи не сме совршени и не смееме да бидеме суетни.

Цврсто веруваме дека нашето долгогодишно искуство, со сите подеми и падови, можеме да го преточиме во квалитетни образовни програми од областа на комуникациите (доколку е потребно и други работи :))

Автор

Јелена Микич

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.