Блог

Онлајн едукација: Дигиталната транформација сега е пластично објаснета

Интервјуа - Apr 09, 2020

Сè запре – светот се бори против Корона вирусот и не знаеме до кога ќе бидеме во нашите домови 24/7. Додека голем број на луѓе се жалат на слободнотo време кое го имаат во своите 4 ѕида дома,  Represent Communications  уште во првите денови од почетокот на кризата ги адаптираше и префрли своите едукативни програми и обуки во „онлајн mode“. Јелена Микиќ, Head of Development во Represent System, зборува за Knowledge Academy, програмите кои се нудат, но и за дигиталната трансформација и придобивките од учењето преку интернет и после “Короната”.

Knowledge Academy постави високи стандарди минатата година, организирајќи нови програми и нови форми на едукација. Овогодинешниот Master Class штотуку започна, се одржа едно предавање на пролетниот LSPR и тогаш сè запре заради Короната. Како се справувате со тоа? 

– Кризата во која се наоѓаме сите, нè тера да размислуваме практично. Во ред е да си дозволите еден период кога се прашувате што се случило со вас и како да продолжите. Меѓутоа, доколку поседувате некој бизнис, одговорни сте за платите и управувањето со тимовите, без многу губење на време, треба да размислите за нови деловни модели. Морам да признаам дека на нас кои сме вклучени во едукацијата ни е полесно, бидејќи не моравме премногу да се прилагодуваме. Онлајн едукацијата постои веќе подолго време, па веднаш и почнавме да размислуваме како да ги прилагодиме нашите производи во овој онлајн формат без да влијаеме на нивниот квалитет. LSPR ќе продолжи онлајн и тоа планираме да го направиме низ целиот регион, па дури планираме и да направиме заеднички предавања за студентите од Србија, БиХ, Македонија, што ќе биде сосема ново искуство. Се разбира, имајќи ја предвид сегашната состојба, ќе ги прилагодиме сите цени и ќе обезбедиме дополнителни придобивки за студентите. Постојат тренинзи кои не можеме да ги спроведуваме онлајн бидејќи бараат тет-а-тет интеракција и вежби, како што е снимање на камера или подготвување за јавен настап. Најважно ни е да не го намалиме квалитетот и искуството на слушателите.


Голем број на едукатори и школи ги нудат своите бесплатни програми во ова кризно време. какви предности нудат вашите програми? 

– Сведоци сме дека постои навистина голем избор на бесплатни обуки, курсеви, семинари, од кои некои се одлични, како што се Ivy League или Content Marketing . Од друга страна пак, се појавија еден куп програми за чиј квалитет можеме да кажеме дека е под знак прашалник. Represent System јасно ги одвои работите –  дефиниравме нов производ што ќе го понудиме бесплатно, а се однесува на многу актуелната тема „Content за време на Корона?“. Исто така, излегуваме со сосема нов регионален видео формат, кој ќе биде достапен за сите. Значи, не ги отклучивме постојните програми, туку измисливме нови кои се наш придонес на пазарот. Еден дел од програмата ќе нуди бесплатни директни и практични одговори на компаниите во моменталната ситуација. Од друга страна пак, продолжуваме да ги продаваме постоечките програми како LSPR, MasterClass или тренинзите, но секако, сите цени ќе ги прилагодиме согласно новата ситуација. Важно е да кажеме дека зад сите овие програми сè уште стои знаењето и искуството на нашите предавачи, што е подеднакво актуелно, без разлика дали се работи за онлајн или офлајн едукација.

Колку е тешко или лесно да се реализира онлајн предавање? 

– Логистички секако е полесно. Меѓутоа, најголем предизвик е како да се задржи вниманието на учесниците, и како да се следат нивните реакции, што е исклучитено важно за добрата интеракција. Минатата недела одржавме обука за кризна комуникација за една голема компанија – заради безбедносните протоколи камерите беа исклучени и не се гледавме. Седев дома и зборував околу 40 минути без прекин, додека презентацијата течеше само на екраните. Не бев сигурна во еден момент дали има луѓе од другата страна на компјутерот. Меѓутоа, кога започна дискусијата за Q&A, тогаш се ослободив. Голем предизвик е да им дадете на луѓето во овие услови нешто што е со висок квалитет и, пред сè, корисно за нив.

Дали е ова иднината на едукативните програми?

– Мислам дека ќе понудиме два вида производи – нови, онлајн, кои луѓето ќе ги прифатат затоа што после ова ќе ги видат сите придобивки од овој начин на едукација (не мора даизлезам од дома, штедам време, седам во мојата омилена тренерка, слушам курс со мојот партнер, пријател) и традиционалните формати, бидејќи живиот збор и интеракција се непобедливи, без разлика колку ние ја признаваме моќта на дигиталната трансформација. Исто така, неизбежно треба да размислиме и за цените на образовните програми, бидејќи без оглед на се’, цената е значаен фактор при одлучување.

Како го гледате светот на маркетингот, ПР-от и едукацијата после Корона? 

– Во моментов целата маркетинг фела разговара за тоа, активно следам и учествувам во дискусиите. Склона сум да кажам дека промените нема да бидат толку драматични – ќе има период на закрепнување, намалени буџети и прилагодувања, но откако ќе заврши тоа, ќе продолжиме онаму каде што застанавме. Јасно е секако дека оние што најбрзо одговорија на новиот предизвик, ќе имаат одредена предност кога ќе се нормализира деловниот живот. Дигиталната трансформација за која сите зборуваат започна многу пред Короната, бидејќи сè повеќе компании во комуникациите (и другите професии) започнаа да разгледуваат нови, пофлексибилни форми на работа, како и нови дигитални производи и деловни модели. Можеби оваа пандемијата всушност само ќе не забрза да го направиме планираното и започнатото. Денес, сите знаат многу повеќе пластично да опишат што е „дигиталната трансформација“, особено компаниите кои ги насочија своите вработени да работат од дома уште на стартот на пандемијата, и мислам дека тоа покажува зошто беше важно да се инвестира во овие процеси уште пред Короната, а особено затоа што треба да продолжиме по истиот пат и после Короната.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.