Пасошите нека останат во фиока, а вие подгответе се да го прошетате светот
Блог - Apr 01, 2020
Културните институции во Србија и останатите низ целиот свет со денови се затворени поради ширењето на епидемијата на вирусот корона. Сепак, музеите „оживеаја“ во виртуелниот свет. Можете бесплатно да ги посетите и да ги гледате со часови, едноставно од вашата фотелја сега.
На следниот линк кој е посветен на музеите, постојат многу музеи кои можете да ги посетите едноставно со неколку кликови.
Van Gogh Museum (Amsterdam)
Секој љубител на овој трагичен, генијален сликар, може одблиску да ги разгледа неговите дела преку виртуелната посета на музејот. Тука е најголемата колекција дела на Винсент Ван Гог со над 200 слики, 500 цртежи и повеќе од 750 лични писма.
Uffizi Gallery (Florence)
Во оваа галерија е сместена колекцијата на најпознатото италијанско семејство, Медичи. Зградата е дизајнирана од Џорџо Васари во 1560 година специјално за Кози де Медичи, но сега секој може да прошета низ тие ходници. Патем, галеријата неодамна објави дека, по воведувањето вонредната состојба во Италија, нејзината нова Фејсбук страница започнале да ја следат повеќе од 19.000 луѓе за два дена, и дека трите видеа што ги објавиле имаат над 300.000 прегледи. Едно од видеата е на директорот Ајка Шмит и неговото добредојде, додека пак другите ги прикажуваат делата од Микеланџело и Рафаел од галеријата.
British Museum (London)
Музејот во срцето на Лондон им овозможува на виртуелните посетители да ја прошетаат Големата соба и да ги откријат древниот камен од Розета и мумиите на Египет, како и илјадници други експонати.
National Gallery of Art (Washington)
Овој познат амерички музеј нуди две онлајн изложби. Првата е изложба на американска мода од 1740 до 1895 година, во која се сместени бројни облеки од ерата на колонијализмот и револуцијата. Втората изложба е збирка дела од Јоханес Вермер, холандски барокен сликар.
Guggenheim Museum (New York)
Google услугата (Street view) ни овозмува супер тура по познатите спирални скали во музејот. Оттаму можете да ги видите делата на уметниците од импресионизмот, пост-импресионизмот, модерната и современа уметност.
Orsay Museum (Paris)
Започнете виртуелна прошетка низ оваа популарна галерија во која има десетици забележителни дела на француски уметници создадени помеѓу 1848 и 1914 година, како Моне, Сезан, Гоген и други.
National Museum of Modern and Contemporary Art (Seul)
Google Виртуелната турнеја ве носи низ сите шест ката на современата уметност од Кореја и од целиот свет.
Pergamon Museum (Berlin)
Како еден од најголемите музеи во Германија, Пергамон има многу да понуди, дури и ако не сте физички во можност да бидете на лице место. Овој историски музеј има зачувано многу антички уметнички дела, вклучувајќи ја и Иштарската порта од Вавилон и Пергамонскиот олтар.
Rajksmuzeum (Amsterdam)
Истражете ги ремек-делата на холандското златно доба, вклучително и делата на Вермер и Рембрант. Gooogle ви нуди онлајн street view турнеја, така што навистина ќе имате чувство како во живо да шетате низ неговите простории.
The J. Paul Getty Museum (Los Angeles)
Во овој музеј можете да најдете европски уметнички дела кои датираат од VIII век, како и огромна колекција на слики, цртежи, скулптури, ракописи и фотографии.
Museu de Arte de São Paulo Assis Chateaubriand (Sao Paolo)
Првиот модерен музеј во Бразил ги изложи своите дела во транспарентни рамки од акрилно стакло, па имате впечаток дека делата лебдат во воздухот. Благодарение на оваа виртуелна турнеја, секој може да ја искуси оваа прекрасна поставка.
The National Museum of Anthropology (Mexico City)
Изграден 1964 година во мексиканската престолнина, овој музеј е посветен на археологијата и историјата на предколонијалниот период на земјата. 23-те галерии се дом на бројни уметнички предмети, вклучително и некои од цивилизацијата на Маите.
NASA
NASA нуди бесплатни виртуелни прошетки низ истражувачкиот центар Ленгли во Вирџинија, како и во истражувачкиот центар Глен во Охајо. Вселенскиот центар Хјустон има и апликација која овозможува виртуелни тури, како и видео и аудио снимки од истражување на вселената.
Vatikan Museum
Во музеите на Ватикан е сместени огромна колекција на важни уметнички дела и класични скулптури кои со векови ги чувале Папите. Сега можете да ги посетите музејските места и историските експонати, а ќе имате можност да ја посетите и познатата Сикстинска капела на Микеланџело.
Најпосетуваниот музеј во светот во кој е сместена познатата Мона Лиза, не нуди Google виртуелна тура, но сепак има своја виртуелна тура поставена на веб страницата.
Уживајте!