Тема на денот: Контент маркетинг и неговата улога во комуникациите
BoriseLave - Apr 22, 2019
Контент маркетингот стана важен маркетинг концепт кој за релативно кратко време се здоби со „право на државјанство“ во индустијата на комуникациите. Контент маркетингот е многу повеќе од креирање содржини. Тој стана концепт кој ги поврзува креирањето на содржина со разбирање на јавноста и технологијата. Оние кои знаат за што се работи велат дека улогата на контент маркетинг е да гради односи и доверба.
Поминати се нешто повеќе од 10 години откако за првпат се појави како концепт, но сепак контент маркетинот сеуште отвара дилеми. Се обидовме да дознеме што овој поим всушност претставува во разговор со тројца експерти за контент маркетинг: Примож Инкерт, Лазар Џамиќ и Борислав Миљановиќ.
Примож Инкерт, ПМ работни медиуми, Партнер
Кочија без коњ – така луѓето ги нарекувале првите автомобили. Слично како со телевизијата, која ја нарекувале радио со слика. Постоењето на интернетот е толку кратко што сеуште не му го знаеме вистинското име.
Сево ова истотака се однесува на контент маркетингот кој постои помалку од 10 години и затоа секој го разбира на различен начин. Некои, вклучувајќи ме и мене, го разбираат како револуција во современата комуникација, други го гледаат како артикал пост или блог пост, трети пак како интерпретација на старите рекламни принципи на понов начин.
Но, кој е интегралниог пристап кон контент маркетингот и зошто е толку важен?
Постојат бројни перспективи кога говориме за разбирањето на поимот контент маркетинг, и токму затоа ќе прескокнеме елаборација на оваа тема. За да се воспостави контекст за разбирање на интегритетот на контент маркетингот, доволно е да се согласиме дека тој се менува, еволуира, станува повеќестран, вклучува се повеќе и повеќе медиуми и алатки, и е способен да продуцира одговори, односно да помогне во ефикасна комуникација со таргет групи за време на целото патување на потрошувачите од иницијалната желба или проблем кој сакаат да го решат, па се до долгорочна соработка или лојалност.
Тоа е стратегија за она што сакаме да го кажеме, кому и на кој начин, и за крајно тактичкиот план за тоа како да се реализира. Секако, со помош на медиумите – сопствени или платени – со помош на интернетот и социјалните медиуми кои можат да прошируваат информации и приказни со гига брзина (побрзо од светлината), многу побргу од било кој друг медиум во историјата.
Која го посматраме контент маркетинот како целина (доколку сакаме да постигнеме резултати, мораме да го посматраме на овој начин) не станува збор само за комуникациска стратегија и нејзина реализација, туку и за трансформација на вредноста и културата на претпријатието. Фокусот е свртен кон вистинско помагање на нашите потрошувачи, тоа е она на што сме фокусирани (исклучоци и проблематични клиенти секогаш ќе има, но ние не се фокусираме исклучиво на нив).
Лазар Џамиќ, Креативен стратег
Тоа е комплексно прашање за кое пишував детално во мојата книга The Definitive Guide to Strategic Content Marketing.
Сите интервјуа кои ги спроведував додека работев на книгата и сето мое искуство укажува на фактот дека контентот (не го користам зборот маркетинг бидејќи ограничува) нема посебна улога во комункациите бидејќи функционира подобро од било кој друг метод во СИТЕ нивоа на комуникацискиот циклус. Со други зборови, контентот – доколку е изработен стратегиски и квалитетно – моментално е најдобрата замена за мноштвото стандарди и моментални комуникациски модели кои се во опаѓање како на пр. онлајн банерите или традиционалните реклами.
Контентот функционира на почетокот од инката кога потршувачите се стекнуваат со сознание за брендот, функционира во фазата на конверзија, во CRM и во услугите за потрошувачите. Она што во моментов недостасува, особено во нашиот регион, е перспективата на гледање на контенот на овој начин. Не е сектор, не е тим, не е функција, туку е филозофија, култура, светоглед. Ова е новата граница што не’ очекува во свет во кој вниманието е многу тешко да се купи, туку мора да биде се’ повеќе заслужено.
Бора Миљановиќ
За мене контент маркетинг претставува комуникациска практика, но истовремено и филозофија. Како практика подразбира создавање на квалитетен маркетинг контент (содржина) со цел за остварување одредени цели за комуникаторот во поле на подигање свест за бренд, собирање на лидови или за конкретни продажби.
Сепак, многу поголема важност гледам во контент маркетингот како филозофија, која го менува пристапот и улогата на нашата целосна комуникациска индустрија. Не треба да бидеме оние кои ги нервираат, прекинуваат или им досадуваат на луѓето со неважни пораки. Треба да бидеме советници и пријатели на идни и сегашни корисници на нашите брендови преку квалитетен, навремен и пред се’ корисен контент. Ова е новата филозофија и големата промена што контент маркетинот ја носи во нашата индустија и нашите животи.