Блог

Американците најмногу им веруваат на Google и Amazon, а најмалку?

Вести - Apr 12, 2021

Технолошките компании во денешно време тешко ја добиваат довербата од корисниците, но ја губат исклучително лесно, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од истражувачката платформа од Чикаго (seoClarity).

Во истражувањето, во кое 1.057 американци учествувале со свои одговори на прашања, во кои технолошки компании имаат најголема доверба а во кои најмала. На листата на најлошо рангирани се најдоа Фејсбук и мегапопуларната апликација ТикТок.

Конкретно, 42.6% од испитаниците изразија недоверба во Фејсбук, наспроти 37,8% кои имаат доверба, а што се однесува на ТикТок, во оваа апликација немаат доверба 43% од анкетираните наспроти 28.1% кои имаат.

Huawei е на дното меѓу двете компании наведени во анкетата, во кои еднаков процент од испитаниците веруваат или не им веруваат – 30,4 проценти, пренесува порталот ICTbusiness.

Гугл е на самиот врв, со доверба од 65,7 проценти од учесниците во истражувањето, додека само 21,2 проценти имаат негативен став. На второ место е Амазон, кој може да се пофали дека многу малку испитаници имаат недоверба во компанијата, само 16,5 проценти, додека 65,1 процент од Американците имаат доверба во нив.

На трето место е „Мајкрософт“ со 16,9 % недоверба и 63,9 % од оние кои имаат доверба, следен од „Епл“, кој ужива кредибилитет со 62,6 % од испитаниците, додека само 18,6 % ја негираат довербата. Самсунг бележи најмал процент на недоверба – само 13 %, а во нив веруваат 62,3 % од испитаниците.

Социјалната мрежа Твитер исто така беше меѓу малкуте на списокот што забележа поголема доверба (42,9%) отколку недовербата кон клиентите (31,8%).

Извор: Tanjug

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.