Giveaway или подарок како дел од модерната компаниска стратегија: За или против
Блог - Apr 02, 2021
Се прашувате дали подарокот е добар маркетинг?
Зошто да не? Вие со тоа давате на вашите потрошувачи, но и тие ви даваат вам.
Ако барате едноставен начин за промовирање на вашиот бренд, со помош на givеaway активности може да и ги претставите вашите производи и услуги на таргетираната публика, а со помош на маркетинг триковите можете да привлечете поголем број следбеници, потенцијални клиенти или да обезбедите поголем број потрошувачи.
Тоа е одличен начин да ја покажете вашата грижа и благодарност кон потрошувачите.
Забавувајте ја вашата заедница!
Сите сакаат да се забавуваат, а сакаат и прилика за натпревар и победа. Можеби некој ќе го израдувате со одреден производ или услуга која ја посакувал долго време, а не бил во можност да си ја дозволи. Сетите се колку пати сте посакувале да купите некој производ или да пробате некоја услуга, а не сте биле сигурни дали ќе ви се допадне и дали вреди за потрошениот износ. Затоа giveaway е супер прилика, и за вас е одговорност да вашиот клиент/потрошувач биде задоволен, и сигурно подоцна ќе ве посети повторно или ќе купи од вас.
Двигател на возбудата!
Активацијата на Giveaway-от ќе придонесе чувство на возбуда кај вашата публика, ќе ја натера да зборува, споделува со пријателите. Подароците се поинаков облик на пренесување на информацијата “од уста до уста”.
Giveaway “правилата” претежно сочинуваат Like ( допаѓање), share ( споделување), comment (коментар). Зарем тоа не е одличен начин да се споделува вирално вашиот пост, а со тоа и рекламира вашиот бренд. Луѓето сакаат да го споделат тоа со своите пријатели, и нема сомнеж дека нивната љубопитност ќе биде разбудена, и ќе ги охрабри на интеракција едни со други да споделат и коментираат на социјалните мрежи. А и кому не му се допаѓа идејата да добие нешто бесплатно? За возврат вие ќе добиете поголем број публика, повеќе следбеници, поголем ангажман.
Фотографија: freepik.com
Издвојте се од другите!
Можете да пробате еден од овие предлози како би се издвоиле од другите “класични” giveaway постови и со тоа да привлечете повеќе внимание кон себе:
– Можете да направите анкета при влез во наградната игра. Повикајте и посочете ги на некоја акција.
– Добар начин за загарантирана продажба е давање дополнителен подарок (луѓето купуваат различни предмети во зависност од сезоната, така да можете да се прилагодите со годишните времиња поврзани со вашиот бренд).
– Во соработка со друга компанија да направите комплетен награден пакет, можете да ги поттикнете и вашите односи за соработка во иднина. Тие можат да ви помогнат во препораките и секако брендот да се вреднува во целина. И секако повеќе публика ќе може да слушне за вас.
Без претерување!
Сѐ што е претерано не е убаво, честото организирање на ваква акција може да предизвика и негативна реакција и мислење кај луѓето.
Зошто?
Постојат следбеници кои се присутни на социјалните мрежи токму поради бесплатните подароци и услуги, таквата публика ќе ве одследи во првата прилика кога нема да имате подароци, и многу е мала веројатноста дека ќе станат ваши потрошувачи или ќе платат одредена ваша услуга.
Секако дека таквата публика не ви треба, тие не се тука поради она што сте или што нудите, затоа зголемувањето на следбеници и не треба да биде ваш приоритет. Повеќе следбеници, не значи и повеќе продажба.
Од друга страна ако некој ја заследи вашата страна и види дека често имате giveaway објави, може да отстапи од купување и да го почека следниот ваш giveaway, можеби поклонувате баш нешто што нему му треба. И тука сте изгубиле потенцијален купувач.
Не заборавајте!
Без разлика дали вашата компанија е нова или пробувате да го зголемите опсегот на постоечкиот бренд, морате да направите добра стратегија. И не заборавајте дека повеќе следбеници не значи ништо доколку константно не градите вземен однос со нив.