Google ја отвора својата прва продавница!
Вести - Jun 16, 2021
За подобро претставување на својата палета уреди пред корисниците, Google најави отворање на својата прва физичка продавница.
Американската компанија го најави отворањето на Google продавницата во Њујорк, како дел од зградата во која се наоѓаат нивните канцеларии во областа Челси, каде работат илјадници нивни вработени инженери и работници. Некои од артиклите што треба да се продадат вклучуваат телефони на Pixel, производи од Nest, уреди Fitbit и Pixelbooks.
Како причина зошто тие одлучија да ја отворат својата прва продавница во Њујорк, компанијата потенцираше дека тие работат таму веќе дваесет години и дека Google Store е само „природно продолжување на долгорочната посветеност на градот“.
Отворањето на Google Store го нарекоа важен чекор во нивното „хардверско патување“ во кое ќе можат сами да ги тестираат и купуваат уредите, да можат да подигаат уреди купени преку Интернет, како и да ги поправаат расипаните уреди. Точната дата на отворање не е позната, а Google објави дека тоа ќе биде во текот на летото.
Извор: zimo.hr