Блог

Инстаграм ја тестира опцијата за поставување на содржина од десктоп

Вести - May 27, 2021

Дигиталните менаџери и менаџерите за социјални медиуми ќе бидат особено задоволни од новитетот од Инстаграм. Познато е дека досега можеше да се објавуваат содржини на Инстаграм само директно од апликацијата, но како што објави Алесандро Палузи, истражувач на социјалните мрежи, Инстаграм тестира нова опција за објавување на содржина од компјутерската верзија на апликацијата.

Новата опција ќе додаде икона „+“ на горната лента од верзијата за компјутер на IG, што, кога ќе биде кликнато, ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат слики или видеа директно од хард дискот на компјутерот.

Користејќи ја новата опција, корисниците ќе ги имаат сите стандардни карактеристики и опции во апликацијата за своите објави, вклучувајќи алатки за форматирање на слики и филтри.

Сторињата и најважните (highlight) моменти сè уште нема да бидат достапни за објавување на вашиот компјутер, што не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.