Блог

Личен бренд и социјални мрежи: Што не треба да правите на вашите приватни профили?

Блог - Jun 09, 2021

Личен бренд денес значи компаниски бренд, посебно ако сте на висока позиција во својата работа. Во тој случај добро знаете дека не е лесно да се изгради квалитетната слика за себе и дека со еден погрешен чекор може многу лесно да се наруши. Често луѓето забораваат на активностите на приватните профили на социјалните мрежи, па со непримерната содржина го нарушуваат својот стекнат кредибилитет, а такви случаеви имаше многу изминативе години. За некои дури зборуваше цел свет.

Ако ги анализираме профилите на компаниите на социјалните мрежи, а потоа и профилите на извршните директори и членовите на највисокото раководство на тие компании, ќе забележиме дека истата објава на компаниски профил  добива помал engagement од објава од вработен. Тоа што голем број луѓе не го разбираат целосно, не е доволно само да се „почитува“, туку да се покаже вистинско лидерство, да се иницираат важни разговори и да се даде вредност. Исто така, не треба да споделувате содржината што е само „за споделување“, туку содржината што има додадена вредност и како таква пренесува искуства и корисни совети од областа во којашто е лидер конкретниот корисник.

Личното брендирање помага да се позиционирате себеси, да покажете знаење и способност и да напрадувате во работата која ја работите.

Иако голем број луѓе не разбираат дека нивните лични профили се дел од некој систем за кој работат, колку и да се приватни и заклучени, секогаш ќе се најдат неколкумина кои ги перцепираат како дел од некоја компанија. Несоодветната содржина, непристојна фотографија или видео, малку попредизвикувачка објава може значително да им создаде проблем како поединци, но и на бизнисот во кој работат, а со тоа и да предизвикаат потенцијална криза.

4 работи кои никако не би требало да ги правите на социјалните мрежи:

1 – Фотографии и видеа во долен веш, костими за капење или било која содржина во која сте несоодветно облечени.
2 – Опкружување: Не е најпосакувано да се објавуваат слики и записи од стриптиз клубови, казина и слични места. Имајте на ум дека секогаш треба да бидете во социјално прифатлива средина.
3 – Претерано изразени лични ставови: сосема е во ред да имате свое мислење, да зборувате за тоа кога и каде и да посакате, но да се потенцира тоа постојано на социјалните мрежи со многу агресивен пристап и доза на екстремизам и не е паметна идеја.
4 – Интима: Колку и да сакаат луѓето да ја следат приватноста на сите и да водат сметка за тоа кој што прави и каде се движат, не е добро да објавувате фотографии што откриваат премногу за вашиот приватен живот. Умереноста е ретка доблест!

Почитувајте ги основните постулати за успешен настап на дигиталните канали. Умерено и со стил градете го вашиот личен профил на социјалните медиуми.

Автор

Јелена Џодан

Corporate Image Officer (Represent System)

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.