Блог

Нова социјална мрежа! Ќе ги засени ли сите досега?

Вести - Jun 10, 2021

Нова апликација за споделување фотографии неодамна се појави на пазарот и е достапна за сите: Poparazzi!
Оваа мрежа ја лансираа Алек и Остин Ма, а веќе првиот ден по лансирањето беше рангирана како бр. 1 на списокот на популарни апликации во САД секој ден, според податоците на Apptopia.
Уникатната карактеристика на “Poparazzi„ помага да се „заврти интригата“ на содржината. Апликацијата се занимава со фотографирање на други луѓе и сцени, бидејќи нема опција да ја свртите камерата кон вас.

Можете да го пополните профилот со слики и содржини што другите ги објавиле за вас. Се разбира, постои опција да изберете кои фотографии да ги прифатите , а кои не.

Бројот на следбеници не е прикажан на профилите, но прегледите на фотографиите е видлив. Исто така, содржината не може да се коментира или лајкува, единствената можна реакција се само емотикони.

Апликацијата се вклопува во трендот на нови социјални платформи, вклучително и „TikTok“ и „Clubhouse“, кои поттикнуваат повеќе опуштена содржина за разлика од Instagram и Facebook.

Но, доколку дадете дозвола на апликацијата за пристап до контактите, Poparazzi автоматски ги следи сите ваши контакти на платформата, што не е секогаш најдобра идеја.

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.