Зошто е важно видеото кога се во прашање социјалните мрежи?
Блог - Mar 30, 2021
Значењето на видео записот денес е далеку поголем отколку што секому делува на прв поглед. Видеото стана клучен фактор во интеракцијата со публиката.
Да почнеме со едно прашање за сите вас. Што правевте последниот пат кога ја посетивте вашата Facebook или Instagram страница? Можеме ли да претпоставиме дека листавте низ страницата, погледнавте фотографии, забележавте дека ви се допаѓаат некои објави, или можно е дека застанавте да прегледате едно или повеќе видеа.
Сигурни сме во тоа дека повеќе време поминавте гледајќи видео, отколку било која фотографија или натпис, и дека токму тоа видео го запомнавте. Тоа се случува со причина!
Вашите очи ги привлекува движење, случки, исчекување. Не само што кратките филмови привлекуваат внимание, туку и го задржуваат. Темата на видеата припаѓа токму таму каде што треба, будат емоции кај луѓето, кои доведуваат до нивните лајкувања, коментари и споделувања.
Дали се сеќавате на првобитната цел на Instagram? Социјалната мрежа беше замислена како апликација наменета за поставување фотографии. Меѓутоа нејзините творци, инспирирани од опциите кои ги нуди апликацијата Snapchat, одлучија да воведат и Instagram Story, или ( приказна која трае 24 часа и која овозможува поставување на кратки видео снимки), а потоа и опција IGTV или ( малку подолг видео формат кој корисниците можат да го постават трајно на својот профил). А зошто? Од причина што новонастанатата апликација TikTok додаде нови стандарди во областа на видео содржината на друштвените мрежи.
Секако новитетите на Instagram платформата не завршуваат тука. Reels, опцијата е креирана по примерот на TikTok. Нов, истоимен Instagram видео формат, на корисниците им овозможува креирање на кратки видео записи со опција за додавање музика, исто како и на TikTok. Корисниците сега можат под истите тие видеа да оставаат и коментари, како и да дознаат која е песната која е во позадина. Судејќи по реакциите на инфлуенсерите, брендовите и компаниите, Reels се користи во сè поголем број и станува многу популарна опција на друштвените мрежи.
И да имате и најдобар content и вашиот сајт да изгледа фантастично, да се истакнува од другите, веројатно ќе завршите со потешкотии во привлекувањето на нова публика. Тука видео записот може многу да помогне.
Одвоите време, посветете се на овој вид објави. За креирање на квалитетни видеа не е неопходно да поседувате професионална опрема, камера ниту цел тим на луѓе кои би работеле за вас. Можете да снимате со сопствениот смарт телефон без проблем. Најважно е да имате идеја и волја, и тогаш сè е можно!
Правењето видео концепт може да одземе малку повеќе од вашето време, но дефинитивно ќе ви донесе повеќе прегледи. Затоа се исплати.
Земете го телефонот, вклучете камера и направете своја приказна!