4 работи што ја прават секоја канцеларија посебна: Дневник од Сараево, бр.1
Блог - Mar 13, 2020
Веќе шест години ја координирам и надгледувам работата на нашите регионални канцеларии, пред се’ во Босна и Херцеговина и Македонија, но досега не сум поминала подолг период во ниту една канцеларија. Честопати ги посетувам, најчесто два до три дена, а посетата се сведува на едне куп состаноци и активности кои треба да ги завршиме во еден здив. Честопати, имам чувство дека моите посети им наметнуваат дополнителен притисок на колегите во регионалните канцеларии или едноставно ја нарушуваат динамиката на работата, што секако и не е мојата намера.
Од друга страна пак, се зголеми обемот на работа како и тековните обврски, бројот на побарувања од клиентите исто така – и сума сумарум не е фер, а ниту пак и целта на моето менаџирање само да барам неделни извештаи и пресек на работата. Затоа, донесов одлука да поминам малку подолго во нашата канцеларија во Сараево, со една јасна идеја – да бидам „extra pair of hands and brain“. Добрата храна, драгите луѓе, некои од местата на кои патував шест години беа само бонус за одлуката која ја донесов.
Моите објави сакав да ги наречам „Србинка во Сараево“, но тоа неизбежно би имало политичка нота. Но не е така бидејќи сум екстремно “аполитичка”, како и нашата компанија која е човечки ориентирана и која ги вреднува луѓето, работата и резултатите. Па затоа, го заменив мојот роден град Белград со Сараево за одреден период, дефинитивно постои врска меѓу овие два града, која ја почуствував веднаш штом седнав во такси на аеродромот во Сараево и ја слушнав првата приказна за тоа како Сенад кој ме вози служел војска во Бањица.
И ете, помина првата недела и ова се моите впечатоци:
- Нашиот сараевски тим е мал, но среќен. Ме дочекаа три сјајни жени водени од Ена Маглич, директорка на Represent Communications БиХ, заедно со исто така одличната колешка која ја води канцеларијата во Бања Лука. Тука е и дизајнерот, а во моментов преговараме со уште еден потенцијален колега.
- Планот за првата недела од мојот престој е да седам и помагам онаму каде можам, да не и се мешам ниту на Ена во водењето на канцеларијата, ниту пак на тимот во дневната динамика. Седам, гледам и доаѓам до многу важен заклучок: менаџментот од Белград вклучувајќи ме и мене, како да сме биле на некои стероиди со нашето однесување, барањата, прашањата и процесите кон овие луѓе. Требаше да поминам 400 километри за да сфатам дека работите што ги бараме од нашата централа во Белград од овој мал старт-ап Represent Communications Сараево, не се приоритет за нив, или пак подеднакво важни. Не затоа што тимот не разбира или не сака да ни даде одговори, туку едноставно затоа што се заглавени во оперативни задачи (кога сте малку, нема поделба на директор и останати). Свесни сме дека во оваа фаза не е дозволена дури и најмала грешка, затоа што нашата агенција штотуку се етаблира на овој пазар.
- Односот со клиентите е порелаксиран, можеби е до босанскиот менталитет, душа и карактер (неколку пати им велам дека треба да си го брендираат својот хумор). Не слушнав ниту една критика во текот на првата недела, дури ни шега на сметка на клиентот, туку само неколку пати, „Ајде го бараат тоа, да го направиме, им треба“. Се уверив дека клиентите ги сакаат нашите девојки и уште поважно, им веруваат.
- Ги цениме малите клиенти, без оглед на тоа дека во нашето портфолио имаме имиња како што се Wizz Air, Eurofarm, Mercedes. Морам да признаам дека, од мојата релативно удобна позиција во Белград, бев во можност постојано да вршам притисок за нови и големи клиенти, во насока на тоа – ајде да се активираме, зошто да ги трошиме времето на мали месечни надоместоци. Ништо не е мало, но верувајте ми ништо. Сега разбирам зошто не е можно без малите клиенти. Во Белград сме веќе 18 години, работејќи со компании како што се Coca Cola, Phillip Morris, Delhaize, MK Grupa, Hemofarm, Apatinska Pivara, Schneider Electric и бројни други, сите гиганти на своите полиња, водечки имиња во индустриите во кои работат. Домино ефектот е што добиваме барања од слични компании, одговараме на неколку пичеви месечно, а понекогаш дури и одбиваме работа затоа што сметаме дека не можеме да го понудиме квалитетот што е наш стандард. Во помалите канцеларии, како оваа во Сараево, малите клиенти се всушност оние кои не поддржаа кога започнавме од нула, први ни ја дадоа довербата – па затоа за нас секогаш ќе имаат важно место и третман. Драго ми е што тоа го препознаа нашите девојки од Сараевската канцеларија, а посебно ми е драго кога се и попаметни од сите нас кои седиме во Белградската канцеларија и бараме извештаи од нив.
Пред се’, се радувам што сум во Сараево. Уште три недели ново искуство и редовни јавувања. Stay tuned!