Represent Communications е официјална агенција на CEFTA Договорот

Водечката регионална групација за интегрирани комуникации, „Represent Communications“ го стартуваат последниот квартал од оваа турбулентна година со нов, голем и важен клиент. CEFTA Договорот сега има свој официјален претставник во областа на комуникациите – Represent Communications со пет канцеларии во регионот и во партнерство со European Consulting Group. Да потсетиме, CEFTA е  трговски договор за слободна трговија што ги вклучува земјите од Западен Балкан и Молдавија.

Задачата на „Represent Communications“ заедно со партнерот ECS , во текот на следната година е да работи  заедно со тимот од CEFTA Секретаријатот во насока на зголемување на афирмираноста и свесноста за постоењето на овој важен трговски договор на Западен Балкан и Молдавија. Дигиталниот тим од „Represent Communications Skopje“ ќе работи на целосен редизајн на веб страницата и ќе креира нова стратегија на социјалните мрежи, додека остатокот од тимот ќе работи на зајакнување на видливоста на активностите на CEFTA и приближување на придобивките што овој договор ги нуди на економијата и граѓаните.

– „CEFTA е договор со конкретни бенефити за граѓаните и економијата во регионот. Се радуваме на соработката Represent Communications бидејќи сакаме стручната терминологија да ја приближиме до луѓето и на тој начин бенефитите да ги направиме достапни до поголем број луѓе. На крај, сакам да им се заблагодарам на CEFTA страните и Европската комисија без кои оваа соработка не би била возможна.“ – изјави директорот на CEFTA Секретаријатот Емир Ѓикиќ.

На меѓународниот тендер Represent Communications учествуваше со сите свои канцеларии од западен Балкан и претставници на Албанија, Косово и Молдавија. Со добрата покриеност и уиграноста на тимот, Represent системот ги поминаа сите тестови и доби највисоки оцени со што успешно победи во нималку лесна конкуренција.

-„Ни причинува особено задоволство што со овој договор започнуваме директна соработка со меѓународните организации. CEFTA е еден од најважните договори во областа на трговијата во југоисточна Европа и сакаме да им обезбедиме соодветна видливост во јавноста преку соработка со медиумите и други клучни чинители, а пред се преку подобро и поцврсто поврзување на бизнисите во регионот. Се надеваме дека заедно со колегите од CEFTА ќе го помогнеме и поддржиме креирањето на подобро деловно опкружување и да го унапредиме разбирањето на трговскиот договор од кој сите можат да имаат корист.“ – изјави Јелена Микиќ, директорка за развој во Represent System, која го водеше тендерот и ќе биде задолжена за координација на целиот проект во CEFTA регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *