Креативци & Креативност 2018/19
Интервјуа - Mar 21, 2019
Емилија Заевска, Txe Content Studio
„Во 2018 успеавме да докажеме дека не сме само ПР агенција, туку и сериозен креативен партнер на нашите клиенти.“
Креативните директори се „срцето и душата“ на секоја успешна агенција за комуникации. Прочитајте тука… што вели Емилија Заевска, креативната директорка за стратегии на Контент Студиото во нејзиното интервју со Ненад Даниловиќ.
Ве молам оценете ја перцепцијата за работата на вашата агенција во поглед на креативниот придонес во 2018
Во 2018 успеавме да докажеме дека не сме само ПР агенција, туку и сериозен креативен партнер на нашите клиенти. Успеавме да го прошириме нашето контент портфолио, да ја потврдиме креативноста на меѓународниот пазар и да привлечеме супер интересни клиенти и проекти за оваа година.
Оценете ги Ве молам резултатите на адвертајзинг секторот во Србија во 2018.. Кои локални кампањи според вас се најдобри?
Мислам дека ВИП дефинитно направија чекор напред во креативноста со Нео кампањата, Манчмелоу со Својата приказна (Story of its own) и Нектар – Не е сеедно, се исто толку креативни.
Доколку сте на мислење дека креативноста во адвертајзинг секторот во Србија треба да се подобри, Ве молам кажете ги вашите предлози
Најнапред, мислам дека лошите римувања и кавери на популарни песни треба да се забранат во 2019, иако и во тоа има доза на креативност. Според мене, непреземањето ризици го ограничува пазарот. Брендовите како и агенциите како се’ уште да играат на сигурна карта од генеричката приказна. Мислам дека е време да се преиспитаат сите брифови каде описот на таргет групата започнува со: Елена, 35 години, мајка на две деца, сака да патува….
Кои глобални кампањи или значајна индивидуална работа Ви го привлече вниманието во 2018 и зошто?
Google направи супер камбек за Home Alone (повторно со Google Assistant) потсетувајќи не’ на нашиот најомилен филм од детството, без премногу филозофирање, тежина и ветувања. Од друга страна пак, шамар од реалноста ни се случи со кампањата The Indoor Generation на Velux.
Која е вашата порака до пировите од креативната индустрија во поглед на зајакнување на креативноста и порака до оние кои се рекламираат во насока на подобрување на соработката со креативните агенции?
Сите ние сме на иста страна. Повеќе размена на искуства, повеќе респект помеѓу агенциите, отвореност кон нови луѓе во областа на адвертајзингот и малку повеќе храброст со клиентите се одлични основи за мало освежување на нешето креативно општество.