Instagram Story се менува засекогаш: Една вест прочитајте тука, другата ќе следи

Ако постои една друштвена мрежа која не може да одолее, а да не воведе некоја нова промена, тоа е Instagram.

Се воведува таканаречена “појасна навигација“, што ќе им овозможи на корисниците лесно да се префрлаат помеѓу создавање “story”или да се префрлат на „live“.

Другата нова карактеристика подразбира “полесен пристап до други алатки“, па така Boomerang, Create, Layout итн. ќе бидат дел од страничното мени.

Третата карактеристика е најинтересна, ќе ја наречеме “прилагодување на корисникот“. Вашата камера со тек на време “учи” кои алатки најчесто ги користите и така ги позиционира на врвот.

Ажуријајте ја вашата апликација своевремено, за да ја имате оваа опција штом се појави и за корисниците на кај нас.

Сигурно веќе ја имате опцијата – стикер “challenge“, која дополнително ќе се развива. Во моментов немаме опција сами да креираме предизвик, туку ги користиме веќе постоечките, но најавуваат дека и тоа ќе биде достапно наскоро. Па, при прифаќање на некој предизвик, имаме можност да го тагнете профилот кој го предизвикуваме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *