Блог

Како пандемијата на корона вирусот влијае врз адвертајзинг индустријата?

Вести - Apr 13, 2020

Кризите не се непознати за ниту една професија, особено кога говориме за глобалната индустрија за огласување. Моменталната епидемија од вирусот COVID-19 сепак е различна. Со ограничените патувања и неизвесноста, глобалната машинерија за огласување се успорува на некој начин, додека пак, од друга страна се пренасочува, пишува AdWeek.
Одредени делови од индустријата веќе се под жесток удар од ширењето на корона вирусот. Настани ширум светот се откажуваат, како и состаноци, патувања, планови. Светот застана. Следна на удар ќе биде индустријата за производство на огласи, односно сферата во која владеат строги рокови, нефлексибилни буџети и постојани патувања.

Пад на приходите од огласите
Од друга страна, медиумите се натпреваруваат за продажба на просторот за огласување бидејќи се’ повеќе потрошувачи се останати дома при што читаат, гледаат и истражуваат различни содржини. Извршниот директор на New York Times, Марк Томпсон изјави дека Times „забележува успорување на меѓународните и домашните резервации за огласи, што го објаснуваме со неизвесноста и анкциозноста поради вирусот.“ Освен тоа, тој очекува приходите од догиталното oгласување во првиот квартал да паднат за 10%.

Она што е јасно е дека ова е криза од големи размери и има потенцијал да ја трансформира индустријата, присилувајќи ги брендовите и агенциите да се прилагодат и да земат во обзир опции како што се овозможување на вработените на работат од далечина, користење на локални ресурси кои не налагаат меѓународни патувања, како и создавање виртуелни настани кои се сепак нешто повеќе од обична видео-конференција.

Може ли овој период на несигурност да означи пресвртница, на која маркетерите и огласувачите ќе се сеќаваат како момент на турбуленција и трансформација? Adweek разговараше со неколку виши раководители од индустријата за тоа како вирусот ќе влијае на четирите клучни делови на адвертајзинг индустријата: вложување во огласување, experiential marketing, агенции и продукциски куќи.
1. Вложувањето во ТВ огласи несомнено ќе порасне, бидејќи ќе порасне и продажбата од овие огласи, сметаат експертите.
2. Агенциите кои работат дигитал, големите компании како Facebook, Tik-Tok берем за сега немаат изгледи дека ќе пропаднат или дека ќе си го нарушат финансиското позиционирање на пазарот. Голем број настани ширум светот се откажани, но сите и понатаму се на интернет, дури и многу повеќе од било кога.
3. Агенциите и големите корпорации итекако ќе опстанат, сметаат експертите. Тоа што сретнувањата и патувањато се оневозможени, е само показател дека многу повеќе работа може да се заврши од канцеларија, преку онлајн состаноци со сигурни заштеди на ресурсите.
4. Бизнисите кои се занимаваат со производство – како што вели Мат Милер, претседател и извршен директор на независните комерцијални производители, можеби ќе бидат раздрмани, зависно од развојот на настаните во блиска иднина, но секако ќе се извлечат.

Прочитајте го целиот текст тука.

Подготви: Marketing mreža

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.