Блог

Комуникација за време на корона: Пишува Др. Борислав Миљановиќ

BoriseLave - Mar 25, 2020

Поминаа првите две недели од појавувањето на Корона вирусот кај нас, па еве сега можеме да ги видиме првите законитости во комуникациската индустрија  за време на криза. Со оглед на тоа дека цело време сум во тек со трите бизниси кои ги работиме во рамките на Represent System, можам да кажам дека се случија очекуваните реакции на клиентите, на различната публика, што сме ги имале во секоја друга криза, но искрено не ни замислував а и верував дека истите би се случиле на ниво на целата светска популација.

Прва законитост: Во време на криза, луѓето бараат информации. Читаат и слушаат вести, слушаат многу повнимателно, бараат некаков излез за себе и за своите најблиски и бараат совет од секој кој сметаат дека го има. Нашата агенција за мониторинг и анализа на содржината на интернетот и класичните медиуми „Digital Element“, истакна дека во Србија се случило истото како и во Велика Британија и Америка. Со појавување на кризата, се појави и инфодемијата. Одеднаш, меѓу најчитаните објави на социјалните медиуми се текстови од разни доктори или експерти, кои доаѓаат од Кина или Италија, најавувајќи ја апокалипсата и чудовиштето на оваа невидлива болест. И тогаш врската помеѓу социјалните медиуми и апликациите за пораки, пред сè Вибер, дополнително ја забрзуваат комуникацијата и ја шират паниката. Во еден момент, ова стана и државен проблем, па се појави и идејата да се затворат сите социјални мрежи во Србија додека трае вонредната состојба. За среќа, оваа идеја беше брзо отфрлена, бидејќи само дополнително ќе ја зголемеше паниката.

Втора законитост: Во оваа потрага по информации, луѓето ги препознаваат и тежнеат кон вистинити и проверени информации. Никој во моментите на донесување сериозни одлуки не сака да ги заснова овие одлуки на непроверени, небезбедни, лажни информации. Но, кому да веруваме? Медиумите сè уште се првиот избор, сеуште се гледа многу телевизија, се пребаруваат веб-страници. Може да им веруваме? Ако медиумот кој до вчера не информирал дека нема простор за паника, дека станува збор за смешен вирус кој се лечи со две чаши ракија и малку темјан, дека ние како нација имаме непробоен одбранбен механизам, како сега да му веруваме на истиот медиум кога ни вели да не излегуваме сега од дома? Ја увидовме моќта на верификуваните информации преку нашата медиумска платформа BizLife. Медиумите кои имаа просечна дневна посетеност од околу 25,000 посети од почнувањето на кризата, сега доживуваат експоненцијално зголемување на читаноста. Во првите неколку дена од кризата, посетата се зголеми двојно, па се зголеми трипати, а време на викендот и беше “срушена”, бидејќи во неделата посетата скокна на неверојатни 185.000 посети. Моравме да реагираме брзо и сега функционираме со нови сервери и со нова техничка поддршка. Факт е дека се зголеми посетеноста и кај другите медиуми, но овој тренд на раст и задржување на публиката укажува на тоа дека во време на криза луѓето ја игнорираат непроверената содржина и бараат кредибилен извор на информации.

Трета законитост: Во време на криза, потребна ни е вистината. Ни треба автентичност и транспарентност, а не разубавена реалност. Во првите две недели од кризата, обемот на работата во нашата агенција не само што не се намали, туку забележавме и динамичен раст кај некои клиенти. Во криза, мора да комуницираме! Треба да им овозможите потврдени информации на вашите клиенти и купувачите. Истото важи и за вашите вработени, потребно е навремено, транспарентно и точно да ги информирате. Кризата е период кога само преку засилена комуникација можете да го зачувате сето она што сте го граделе низ годините, имиџот и вашиот бизнис.

Четврта законитост: Посредната и не-физичка комуникација е нашата иднина. После првиот шок, како и техничкото овозможување на работата од дома, веќе закажавме две тренинзи за оваа недела. Состаноците веќе ги одржуваме виртуелно и сите сме сведоци на организирање на виртуелни конференции. Полека се навикнуваме да работиме без физичка интеракција и на начинот на кој нашите деца виртуелно се забавуваат. До вчера се шегувавме со тинејџерите кои седат во иста просторија, а не комуницираат меѓу себе, туку со своите телефони. А сега, во оваа кризна ситуација и ние исто така функционираме и дефинитивно можам да кажам дека сега сите знаеме дека физичкиот контакт е бесценет! Добредојдовте во виртуелниот живот број 2!

Автор

Борислав Миљановиќ

CEO (Represent System)

Живеејќи во свет на комуникации, да бидеме мајстори на комуникацијата!

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.