Како ќе комуницираат компаниите после корона вирусот? Прашање од милион долари!
Како се одвива комуникацијата денес и каква е иднината, зошто интерната комуникација претставува нервен систем на секоја компанија и како моменталните навики кои ги воспоставивме ќе ги применуваме и после кризата?
Play-forward криза
Ова е fast/forward криза. Слично на тоа, како кога би почнале да гледаме филм и потоа да го премотаме 20-30 минути понапред, па гледаме и што се случило. Знаевме дека Netflix функционира, достава на храна имаме, исто така и Zoom платформата. Оваа криза ненадејно нè фрли две години напред и имаме можност да видиме во која насока ќе се развива нашето општество. Тоа е шанса за нас.
Иако полето на комуникација се менува и поместува, човекот е социјално битие и не може да функционира без комуникација. Се случи инфодемија првите денови, неверојатен проток на информации низ сите канали. Податоците покажуваат дека во март минатата година, на светско ниво, гледаноста на телевизиите се зголеми за 18 проценти, во Србија денес 90 проценти основни информации граѓаните ги добиваат преку ТВ каналите; 28 проценти зголемување на онлајн на светско ниво, користењето на социјални мрежи за 48 проценти, 61% зголемена потрошувачка на апликации за испорака на храна и 41% зголемена употреба на апликациите со здравствени совети.
Комуникациската индустрија е во шок- од една страна е зголемен процентот на коористење на сите медиуми за информации, од друга страна пак луѓето бараат сигурен извор на информации.
Како да се моивираат вработените во таа индустрија?
Комуникацијата како таква нема да запре, туку само ќе биде различна и треба да научиме. Треба да видиме каде се наоѓа корисникот на кого се обраќаме. Неопходно е сите во индустријата да бидат свесни дека ќе имаат одлична работа, но ние самите ќе мора да се промениме, да работиме на себе, да растеме и да го применуваме новото знаење. Тоа е решението.
Пронаоѓање на нови бизнис модели
Како компаниите ќе комуницираат по корона вирусот е прашање од милион долари. Максвел Малц, пластичен хирург од 50те години, вели дека се потребни минимум 21 ден за да се прифати една нова навика. Сигурно е дека 20, 30 проценти од научените работи што ги правиме денес полесно, ќе ги правиме и понатаму.
Истражувањата покажуваат дека ќе имаме страв уште четири месеци, но она што се забележува е дека опаѓа читаноста на темите за корона. Сите заедно треба да размислувамево кој правец се развива бизнисот, брзо да се адаптираме и да бараме нови бизнис модели.
Интерната комуникација е клучна
За успешно работење на една компанија, внатрешната комуникација е нервен систем. Во големите компании, комуникацијата треба да биде прецизна, вработените бараат одговори, доаѓаат до различни информации, непроверени, па затоа им треба сигурен извор на информации во компанијата, преку различни канали – во живо, преку заедничките мрежи, по телефон.
Важно е компанијата да биде активна во овој сегмент. Оние што не го сториле тоа може да бидат во сериозна неволја. Вработените добиваат различни информации, тие веќе формирале став за оваа состојба и ако никој од компанијата не им се обратил во изминатиот месец и половина, тогаш вработените може да го сменат мислењето за компанијата.
Одговорите на овие прашања се од Др. Бора Милјановиќ, основач и директор на регионалната комуникациска групација Represent System во склоп на “Ask an expert” онлајн дијалозите кои ги организира Marketing mreža.
Текстот е превземен од портаолот Telegraf Biznis.