Блог

#MKAgencyLife во време на криза: Само храбро, сите сме заедно во ова!

Блог - Mar 20, 2020

Во овие кризни времиња, Represent Communications Macedonia заедно со останатите канцеларии од Represent System-от низ регионот, се водат по мускетарските начела: Еден за сите, сите за еден! Сите колеги се во домашен карантин, со работа од дома, прилагодена според личното темпо на секој еден колега. Свесна сум дека имаме колеги кои живеат со своите партнери, деца, сами, дека имаат свои интимни ритуали со кои полесно го поминуваат овој тежок период и ја имаат мојата најголема поддршка. Комуницираме отворено и јасно, со сето меѓусебно разбирање. Секојдневно освен видео-состаноци, правиме виртуелна проверка со тимот и нивното секојдневие:

-“Кејт, имаш онлајн Јога во 6? Сподели како помина овој час!”

-“Цеце, помагаш со домашните задачи? Секако- покажи ми како!”

-“Нате Велковска, ги одржа сите часови онлајн по шпански?“

-“Јелена, ги испрати дневните задачи?“

Сега не е време за импровизации. Навистина се грижиме за емотивната состојба  и менталното здравје на сите членови на нашeто Represent семејство бидејќи не секој еднакво се носи со ваков тип на ситуации.

Што се однесува до нашите клиенти – со оглед на природата на нашата работа (PR/Digital/Content), освен на тековните задачи, ние веќе работиме на стратегии и можни сценарија за нашите клиенти. Работата не само што не стои, туку со тимот веќе проактивно размислуваме на иднината која сите нас нѐ чека. Благодарам, девојки!

Овие денови постојано ми се врти во глава еден од најдобрите филмови на Ким Ки Дук- “Пролет, Лето, Есен, Зима….и пак пролет”. Драги клиенти и компании: “Пролетта” ќе дојде повторно. Грижете се за своите вработени, бидете им поддршка на своите соработници, навистина имаме голема одговорност која ја носиме со себе. Да тргнеме од самите себе што можеме ние да помогнеме во оваа ситуација наместо да се надеваме или очекуваме како другите ќе ни помогнат нам. Оваа ситуација тектонски ќе не измени и веќе е започната. Да останеме луѓе, да останеме професионални и отворени за сите идеи и ситуации кои ќе дојдат. Тука сме едни за други.

Можеби најважно нешто засега: Овој сет на карти кои ни ги подели времето, е ист за сите- неизвесност, страв, предизвици. Можеме низ сето тоа заедно.

Автор

Наташа Божиновска Миркова

Директор, RC Скопје

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.