Блог

Полнолетството на Represent!

BoriseLave - Apr 06, 2020

Како вчера да беше кога Даниел, Весна, Лина и јас се нарековме за прв пат агенција. Тогаш McCann Erickson Public Relations. Се започна со една случајна средба кога го запознав Срѓан Шапер и ми предложи да отвориме ПР агенција заедно. Во меѓувреме, детето порасна, стана независно, па денес наполни 18 години и се вика Represent Communications.

Во домот Миљановиќ, тоа ни е третото дете. Ксенија знае што ми одзема повеќе енергија во таа мртва трка со Нина и Лола. Да бидам искрен, мене Репресент, а на неа нормално Нина и Лола. Но, не се жалам. Среќен сум што едно од децата стана полнолетно, па е многу големо и паметно. Стартувавме со идејата да преживееме во првите 6 месеци, а еве сега не’ има во 4 земји на Балканот со преку 100 вработени, што и не е мал пат кој го поминавме. Не беше лесно!

Но, не беше ни премногу тешко за мене! Уживав во овие 18 години. Многу прекрасни луѓе ми помогнаа, научив многу нови работи и попатно се забавував. Најтешкиот дел ми беа заминувањата на луѓето, а богами и на клиентите. Секој член на Репресент како да е дел од мене, па кога ќе реши да замине, како дел од мене да си оди. Но, секогаш сме биле отворени по тоа прашање. Голем дел од нив се вратија, затоа што на крајот на краиштата, Репресент е еден топол и удобен дом. Репресент е место каде луѓето се сакаат, се дружат, ценат и за многумина е прво семејство! И тоа се памeти.

Исто е и со нашата посветеност и лојалност. Како поинаку да објасниме дека дури и по 18 години ги имаме првите кои се сеуште наши клиенти. Еден од првите два клиенти е Doncafe, со кого продолжуваме интензивно да соработуваме, како во Србија така и во Македонија. Нашата Тања Вдовиќ ни се придружи во летото 2002 година за да ни помогне да комуницираме со тогашниот трет клиент Кока Кола. 18 години подоцна и Кока Кола и Тања се уште се со нас! И четврти клиент ни беше Бамби кој се врати повторно во нашите редови оваа година по аквизицијата. И сега, 18 години подоцна, работиме со три од првите четири клиенти. И 8 вработени со преку 15 години искуство!

Задоволни вработени и задоволни клиенти се нашиот најголем успех! Затоа постои Репресент сите овие 18 години. И во добро и во лошо – како што е сега! Главата горе и ова ќе помине! Нашата мисија останува – да го направиме нашиот регион подобар. И понатаму ќе останеме да бидеме оаза на социјална нормалност, создавачка креативност и комуникативна амбиција. Ќе бидеме први во интегрираната комуникација, ќе бидеме лојални на нашите клиенти и ќе се жртвуваме за сите наши вработени!

Нека ни е со среќа!

Автор

Борислав Миљановиќ

CEO (Represent System)

Живеејќи во свет на комуникации, да бидеме мајстори на комуникацијата!

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.