Блог

Работа со оддалечени тимови: Заборавете на формата, суштината е клучот за успехот

Блог - May 05, 2020

Меѓу најпопуларните теми овој период, рамо до рамо со “Како да го организираме враќањето на работа?”  и ”Време е за New Normal” и лично мојата омилена “Како да се мотивираат вработените за време на криза?“(btw, лесно, бидете хумани и разговарајте со вработените за сè) се издвојува уште една, а тоа е “Како да ги менаџираме тимовите remotely или по нашки кажано, од далечина?”.

За мене е секојдневие, бидејќи ги менаџирам тимовите во Босна и во Македонија, а до моментот на појавувањето на корона, веќе ги искусив сите предности, но и недостатоците на таквата деловна организација. Како стар поддржувач на списоците „За“ и „Против“, мислам дека ќе понудам неколку аргументи во корист, но и предлози на што да обрнете повеќе внимание.

Да одиме по ред, па прво, што е предизвикот кога тимот не е до вас:

  1. Ако не сте им инсталирале GPS вашите вработени или некој “чип” под кожата, не постои начин да ги следите каде се, како го користат и организираат своето време, уште помалку кога доаѓаат или си одат од работа. Помирете се со тоа. Ако имате добар тим, тогаш не е важна формата, туку содржина.
  2. Далечината си го прави своето, а шансите се големи да се вплеткате во некои од вашите матрици „како или кога треба нешто да се направи“. Тоа може да предизвика сериозно погрешно разбирање на околината, дневна динамика и ритам во кој се наоѓа вашиот „далечен“ тим. Фокусирајте се на резултатите што вашиот тим ги постигнува или не ги постигнува, и ако тоа е случај, обидете се да разберете како се случило пред да продолжите со мантрата „Јас ти го кажав тоа“.
  3. Повеќе ќе зборувате отколку што ќе слушате. Неизбежно е, но гледајте да се справите со тоа. Да се ​​биде „шеф“ значи дека секогаш ќе имате поголема одговорност, но не и дека мора да знаете сè и да знаете најдобро. Ова е важи во нормални услови, но е особено изразено во овој “remote” модел на работа.
  4. За жал, ниту една дигитална трансформација не може да го замени личниот контакт. Не постои посебен лек за ова, освен да разговарате со своите луѓе, но сериозно – да разговарате.

Значи, овој модел има свои недостатоци. Придобивките, сепак, се доста изразени.

  1. Ќе бидете поефикасни. Фактот дека нема да губите време на бесконечни и безбројни состаноци, ќе ви овозможи да се фокусирате на стратешките работи, проекти или едноставно тековни секојдневни активности.
  2. Ќе разговарате помалку, но поквалитетно. Кога сме локациски тука со тимовите, во истото опкружување, тогаш често “на широко” и “на долго” разговараме. Тоа во “remote” околина ретко се случува.
  3. Ќе бидете поблиски. Ова звучи чудно, но така е – ќе имате групи на Viber, WhatsApp, интерни шеги, ќе бидете “мал кластер” тим на далечина кој е обединет иако не сте заедно.

Работењето во исто опкружување исто така има свои предности и недостатоци, но исто така мислам дека идеалниот модел не зависи од тоа кој каде седи, туку од начинот на кој зборувате, ги слушате луѓе, се справувате со нив, колку сте заинтересирани за напредок и развој.

Ако тимовите не се блиску до вас, не дозволувајте да бидете „оддалечени“ од нив. Без оглед дали зборуваме за модел на „близина“ или пак за модел на „далечина“.

Автор

Јелена Микич

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.