Најпопуларната светска медиа провајдер платформа Netflix бележи рекорден раст и зголемување на бројот на претплатници во првиот квартал од оваа година.
Приходот на компанијата за првите три месеци од 2020 година е 5,77 милијарди американски долари, што претставува раст од 1,25 милијарди од првиот квартал на 2019 година и 300 милиони повеќе од четвртиот квартал од минатата година.
Растот на Netflix е евидентен во обете споредби, што се совпаѓа и со предвидувањата, но особено со глобалната криза поради пандемијата на Корона вирусот и мерките за изолација на граѓаните во многу земји.
Netflix исто така објави раст на претплатата од 15,77 милиони акаунти, најголем квартален раст во историјата на компанијата.
Извор: Tanjug