Цената на репутацијата

Корпоративната репутација е важна и сите се согласуваме со тоа. Исто така е јасно дека целокупниот имиџ на компанијата во голема мера влијае на лојалноста на современите потрошувачи и нивната финална одлука. Многу важно е не само да комуницираме, туку и како и со кого комуницираме. Свесни сме за тоа колку често оваа репутација ни е сламката за спас во кризни ситуации и непредвидени околности.

Сите го разбираме ова и се разбира, сме подготвени и сакаме да работиме на тоа. Сериозно, стратешки, планирано и се разбира секогаш со најдобрите. И тогаш доаѓа моментот кога сите овие убави приказни за планови, желби, можности и императиви се претвараат во бројки. И тука е проблемот. Да, репутација е важна за мене. Да, сакам систематски да работам на тоа. Да, сакам максимални резултати. Сакам сè освен да го вреднувам и да платам за тоа. И тогаш започнува малата агонија која се претвора во ценкање кое го обезвреднува значењето на темата, како и на сите оние луѓе кои вложиле свои години на искуство и едукација одржување на корпоративниот углед.

Репутацијата е сериозна деловна инвестиција и не може да се гради или да се одржува без континуирано и стратешко вложување на труд, време, знаење и пари. Пристап како “Дајте ми килограм најави, двеста грама планови за комуникација и еден прстофат содржина”, и 12 месеци да сето тоа добро да одстои, може само да нè доведе до заблуда. Заблуда да знаеме и вреднуваме што всушност значи репутација. Тоа е несериозно, непријатно, збунувачки и неправедно, за вас, и за оние за кои го правите сето тоа. И сето ова, само за да чини помалку.

Се додека вложувањето во репутацијата, во најширока смисла, го гледаме исклучиво како трошок, а не како инвестиција, не можеме сериозно да разговараме за овој сегмент на концептот на современиот бизнис. На крај, порано или подоцна се се сведува на пресметката за пари, која е многу едноставна и јасна. Како што потрошувачите ја плаќаат континуираната лојалност кон брендот/компанијата, компаниите треба да инвестираат два пати повеќе, со цел да ја одржат истата лојалност од која живеат во континуитет. Инвестирајте за да ви се врати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *